Со енергетската ефикасност се претера

За среќа, кај нас таа енергетска ефикасност се сведува на лепење стиропор на фасадите. Но во земји како Австралија толку педантно се води сметка за тоа што веќе има контра ефекти - новите згради ја заробуваат топлината како најлонски ќеси. И затоа во такви згради летно време не се дише без климатизери.

Гертвуд Хатвани- Ковач е истражувач од јужна Австралија и коавтор на студија која апелира да се воведе кодекс за градба во земјата кој, меѓу другото, би ја подржувал енергетската ефикасност но не би ја подржувал комплетната отпорност на топлински стресови.

Заклучокот до кој доаѓаат е дека се претерува со желбата за зачувување на топлината што придонесува новите згради неа да ја заробуваат како пластични кеси. Притоа се запоставуваат некои други мерки за природно ладење како што е струењето на воздухот, обезбедување сенка и друго. 

„Сериозно сме загрижени што новите згради се претерано изолирани и не дозволуваат речиси никакво струење на воздухот, немаат природна вентилација ниту објекти за правење сенки. Новите проекти се однесуваат како пластични кеси кои не дозволуваат зградата природно да се лади“, вели Ковач.

Таквите згради се покажуваат корисни во зимски периоди но летно време се потпираат на климатизери кои исто така трошат сериозни количини енергија, а тоа во крајната сума не е којзнае колку корисно во земји како што се Австралија или Македонија чии лета знаат да имаат преку 35 целзиусови степени.

Завитканиот Рајхстаг на Кристо

 

4 јануари 2018 - 09:52