Идејата не е само обична патека или обележан дел од тротоар, туку цела автомобилска лента која со мини тротоар ќе биде одделена од улиците и на која нема да биде дозволено ништо друго освен велосипеди.
Борис Џонсон, градоначалникот на Лондон, со ова сака да го промени имиџот на велосипедизмот и него да го приближи и до почетниците, кои сега ќе имаат патека на која ќе можат да го усовршат своето возење и да го користат велосипедот како превозно средство за низ град без да стравуваат дека ќе настрадаат во сообраќајот.
Проектот треба да биде готов во следните 4 години, а велосипедските патеки ќе се постават над или паралелно со линиите на подземното метро и автобускиот превоз, "за секој да знае каде вози."