Кабелската новинска телевизија во просек имала над 2,5 милиони гледачи во „прајм-тајм“ секоја вечер од 4-ти ноември до инаугурацијата на 20 јануари. Меѓутоа од 21 јануари до 15 март, според бројките на Нилсен публиката е падната на едвај 1,6 милиони гледачи.
Настрада и гледаноста на дневната програма на Си-ен-ен, која има 34% помалку публика од денот кога Бајден влегува во Белата куќа.
Пад на гледаноста има и Фокс њуз (кој ги објави бројките за Си-ен-ен), кои по изборите имаат 13% помала гледаност на вкупната програма.
Инаку, според бројките на Вараети, шампион за 2020 по гледаност, за цел ден, е Фокс њуз кој благодарејќи на изборите и пандемијата, има скок на гледаност од 43%, а вклучува и неочекуван раст кај старосната група од 18 до 49 години.