Игра на тронови е сред феудалната криза што потсетува на сличните проблеми што ги имаат сите од Толкен до Нарнија или Дина: Пустинска планета.
"Во модерната фантазија секогаш има криза на системот: и во економскиот поредок и во аурата на моќта - магијата - која произлегува од него. Во книжевната теорија има и технички поим за оваа критична точка: 'истанчување.' Во Енциклопедија на фантазијата, Џон Клут и Џон Грант истанчувањето го дефинираат како 'постојана закана од пад,' придружена со сеприсутна траорност и чувство на неправда во светот," објаснува Пол Менсон во Гардијан.
Во Вестерос симптомите на истанчување се следни:
- од една страна на ледениот север почнуваат проблемите, од друга има бунт на робовите на југ.
- Ланистер најголемиот дел од богатството го имаат од своите рудници на злато, а вредноста на парите зависи од металот од кој се направени - има златни, сребрени и бронзени, и нив не ги регулира централна банка. Во последната сезона Тајвин Ланистер (таткото) кажува дека рудниците веќе 3 години се затворени.
- Плус на ова, тие должат огромни суми пари на нешто што се нарекува Железната банка. Како што им објасни Тајвин "ако им должиш пари и не сакаш да пропаднеш, тогаш си го враќаш долгот."
"Ако ова ве потсетува на Грција и Европската централна банка, тоа е затоа што нивниот судир е копија на суштинската промена на моќта која се случува кон крајот на феудализмот: долговите насобрани под корумпираниот систем, чии извори на богатство пресушуваат, на крај го уништуваат системот.
Меѓутоа со тек на време моќта на трговијата почнува да ја гмечи моќта на кралевите. Феудализмот го отвора патот кон капитализам базиран на трговци, банкари, колонијално пљачкосување и трговија со робови. Се појавуваат хартиени пари, и комплексен банкарски систем кој ги смирува проблемите како пресушување на рудниците со злато.
Меѓутоа за ова да се случи треба владеење на правото. Ти треба моќта на кралевите да биде потчинета на уставното право, и да се воведат морални правила за бизнис, трговија и семејниот живот. Меѓутоа ова нема да се случи во Вестерос, каде животниот стил на елитите е синоним за силување, грабежи, своеволни убиства, тортура и рекреациски секс," пишува Менсон.
Тој објаснува дека на Вестерос сега не му треба пристигнување на врколаци и одачи, туку им треба нов човечки вид - капиталисти, нешто налик оние "што намуртено пуритански не' гледаат од холандските портрети од 17-от век," кои треба да започнат револуција. На Менсон му е јасно дека ова не може да се случи во фантазијата, од причина што не може да се дозволи процесот на истанчување да заврши, "тој мора да биде постојан за впечатокот на драма да успее. Има причина зошто толку многу фантастики го прифаќаат концептот на феудализам кој секогаш е во криза но никогаш не е соборен. Тој формира идеален пејзаж за драматизирање на тајните желби на луѓето кои живеат во модерен капитализам."
Според Менсон овие тајни желби се различни од генерација до генерација:
- Генерацијата на Толкен, жигосана од битката против индустријализацијата зборува за вредноста на хероизмот и милосрдието кои се поврзуваат со борбата гради в гради.
- Вилијам Морис во News From Nowhere, нуди бегство од масовното индустриско производство во светот на Хамершмит, каде секој тежнее кон вештина, занает и убаво рачно изработени предмети.
"Идните социјални историчари, кога ќе се осврнат на популарноста на Игра на тронови, немаа да имаат многу проблеми во дешифрирање на внатрешните желби на генерацијата која е навлечена на оваа серија. Тие се: 'се' досега кажано' плус секс со повеќе партнери.
Заглавени во систем базиран на економска рационалност, ние сите сакаме моќ за да бидеме нешто поголемо отколку нашиот лимит на кредитната картичка, или нашата позиција на работа. Никој што седи дома и ги гледа драмиве не се замислува дека е обичен роб, селанец или слугинка: нам ни е понудено да се замислуваме дека сме еден од ликовите со дејствие - Данерис Таргариен, убавата девојка која скротува змејови, или Џон Сноу, брадестиот фраер кој не може да биде убиен.
Работа на социјалната психологија е да ја објасни трајната популарност на фантастиката, и нејзината еволуција кон софт-порно со ужаси. Се што политичката економија може да направи во овој момент е да ги нагласи контрадикциите и каде тие водат.
Во некој дел од 5-та и 6-та сезона предвидувам дека Ланистер ќе паднат, исто како што им се случи и на феудалците, освен ако не откријат некоја досега непозната територија преполна со злато и луѓе кои лесно можат да ги убијат, нешто слично како што им успеа на Шпанците за време на овоземската криза на феудализмот.
Се уште останува мистерија дали има земја на запад од Вестерос. Моите сомнежи се: мора да има, и наскоро некој ќе биде испратен да ја најде," разглаба Менсон.