Генерација Фејсбук

Генерацијата Ипсилон (сите родени меѓу 1980-та и 1999-та) до толку е различна од своите родители што целосно има изгубено интерес за производи како - весник, е-маил, пиво, автомобил.

Во анализата на 24/7 Вол Стрит, се заклучува дека постои промена на потрошувачките навики кај сите генерации, меѓутоа тие се најзабележливи кај генерацијата Ипсилон.

Најдиректни жртви на навиките на новата генерација се мејловите, пивото, весниците, автомобилите, фиксните телефони, цигарите, десктоп компјутерите и телевизијата.

 

Мејлови

Кога Фејсбук го пушташе својот нов сервис за пораки, Закерберг го предвиди падот на електронската пошта "Мејлот е премногу спор и премногу формален." Помеѓу декември 2009-та и декември 2010-та, времето минато на користење мејлови паднало за 59% кај старосната група од 12 до 17 години. Во исто време кај лицата меѓу 55 и 64 години пораснала за 22%.

 

Пиво (нормално)

Ова е генерација која сака пиво, се додека тоа е "лајт." Во 1990-та Бадвајзер се продавал подобро од трите најпопуларни лајт пива заедно. Во 2010-та, на прво место е Бад Лајт, кој се продава подобро од четирите најпопуларни регуларни пива во САД. Според пресметките на Бадвајзер 40% од лицата на возраст од околу 25 години, никогаш немаат пробано регуларно пиво.

 

Автомобили

Во 1998-ма 64,4% од младите на возраст меѓу 16 и 19 години имале возачка дозвола. Во 2008-ма, оваа бројка паѓа на 46,3%. На страна ова 46% од возачите меѓу 18 и 24 години, во едно истражување изјавија дека попрво би се откажале од автомобилот отколку од интернет.

 

Фиксен телефон

во 2010-та 51% од Американците на возраст меѓу 25 и 29 години, живее во домаќинство без фиксен телефон. Кога ќе се земат сите генерации на куп, една четвртина од возрасните немаат фиксна телефонска линија.

 

Цигари

Меѓу 2005-та и 2010-та процентот на пушачи кај лицата меѓу 18 и 24 години, паднал за 17%, што е најголем пад во споредба со која било друга старосна група.

 

Десктоп компјутери

Ова е единствената генерација која е поверојатно да поседува лап-топ отколку десктоп. Според Пју истражувачкиот центар, 70% поседувале лаптоп, додека 57% имале декстоп. За споредба 43% од лицата на возраст меѓу 57 и 65 години поседувале лаптоп.

 

Телевизија

Лицата на возраст од 18 до 24 години гледаат најмалку телевизија во споредба со која било друга старосна група, покажало истражувањето на Нилсен во САД. Оваа група во просек гледа 24 часа телевизија неделно, додека националниот просек е 32,5 часа.

 

24 април 2012 - 11:21