Комисијата за номинации на Круната, треба да му даде два можни предлози на Премиерот на Британија за наследници на сегашниот архиепископ.
За номинациите, освен од членовите на црквата, ќе бидат побарани мислења од високи свештеници од други религии, од претставници на секуларниот свет, но и од Твитерџиите.
Во трката на Твитер најголеми шанси му се даваат на архиепископот на Јорк, Џон Сентапу, кој има 21.558 следбеници.
Архиепископ на Кентербери е највисоката функција во Црквата на Англија, која денес брои околу 25 милиони крстени членови.