Зошто работиме?

Не се во прашање само пари, ниту пак обезбедување на живеачка, барем не кај луѓето кои се исполнети со својата работа.

Во книгата Зошто работиме, Бери Шварц објаснува дека "задоволните вработени се вовлечени во својата работа... дека работата им е предизвик. Ги тера да излезат од комфорната зона. Овие среќници веруваат дека она што го работат е забавно, на ист начин како што решавање на крстозборка или судоку е забавно."

Дополнителен фактор кај овие луѓе е и што тие чувствуваат дека работата им дава одредена мерка на автономија и дискреција, и овие две работи ги користат за постигнување на нови нивоа на вештина и експертиза.

"Разните извори на сатисфакција од работа доведуваат и до некои многу големи прашања. Зошто за преовладувачкото мнозинство од луѓето во светот, работата има само некои или ниту еден од овие атрибути? Зошто за најголемиот дел од нас, работата е монотона, бесмислена и ни ја умртвува душата?

Зошто како што се развива капитализмот, тој создаде модел за работа во кој можностите за нематеријално задоволство кои можат да произлезат од нејзе - и да инспирираат подобра работа - се намалени или елиминирани? Работниците кои ја вршат оваа работа - без разлика дали во фабрики, ресторани за брза храна, магацини, канцеларии - ја вршат за пари.

Без разлика колку се обидуваат да најдат значење, предизвик и простор за автономија, нивната ситуација на работа ги поразува. Начинот на кој е структурирана нивната работа значи дека тие имаат многу малку причини за да ја вршат оваа работа, освен заради плата...

... (Според студија на Галуп) Најголемиот број од нас, околу 63%, не сме вклучени во нашата работа. Ние се пријавуваме, месечариме низ деновите, внесуваме малку енергија во нашата работа. И остатокот од нас се активно отуѓени, и ја мразиме нашата работа.

Со други зборови, работата е многу почесто извор на фрустрации отколку извор на исполнување за речиси 90% од работниците во светот," објаснува Ен Куито во Кварц.

Тед говорот на Шварц:

15 септември 2015 - 16:15