За илјадници луѓе кои дигаат клипови на Јутјуб тоа е сосема солиден бизнис кој годишно им носи шестоцифрени заработувачки, велат во партнерската програма на Јутјуб.
Само два услова постојат за тоа: да се соберат доволен број гледачи и да се добие одобрение за "монетизација" што значи платформата да пушта реклами на клиповите преку AdSense.
Една од најјаките е Мишел Фан која ги советува жените како да купуваат козметика. Уште студира но има преку два милиона претпланици на нејзиниот Јутјуб канал а од пред некое време ангажирана е и од Lancome.
Кејси Хо држи лекции по пилатес. ИМа далку помалку претплатници, 134.000 но затоа растура со продажба на опрема и дрангулии поврзани со вежбите. Признава дека заработува над 100К и дека некогаш не и се верува колку пари и доаѓаат.
Браќата Рафи и Бени имаат преку 360.000 прегледи на нивниот мегахит 'Kids React'. Бизнисот со Јутјуб им е станат толку сериозен што имаат вработено 10 луѓе да ја одржуваат во живот оваа нивна приказна.