Во научниот експеримент на професорот Ричард Ван Рин глувците кои добиле мешавина на алкохол и кофеин покажале исто однесување како и глувците кои добиле кокаин.
По читањето на резултатите од студијата, на авторот на текстот во Вајс веднаш му паѓа жал за дилерите на кокаин дека ќе останат без муштерии, затоа што кој би давал 90 евра за грам, кога може исто да се чувствува од вотка и ред бул.
За да провери како им изгледа новонастанатата ситуација, тој се слуша со неколку дилери за да види што имаат да кажат. Дел од дилерите одма му спуштиле кога им кажал за што ги бара. Другиот дел го кажуваат ова:
(имињата нормално се измислени, луѓето не)
Кевин
Дали си чул дека пиење вотка со енергетски пијалак има ист ефект на твојот мозок како и кокаин?
- Да? Уште го немам чуено ова.
Дали мислиш дека ова ќе ти го упропасти бизнисот?
- Нормално дека не. Тоа е најсмешната работа што ја имам слушнато - со години се пие вотка-ред бул.
Дали мислиш дека е точно, дека двете реакции се исти?
- Зависи од науката зад резултатите, ама мислам дека не можат да бидат исти затоа што се сериозно различни супстанци. На мене ми звучи како пи-ар на ред бул.
Сигурен сум дека не е. Ама да речеме дека имаат ист ефект, зошто тогаш едното е легално, а другото не е?
- Па, кокаинот не е легален од многу причини...
Кои на пример?
- Од кај да го знам бе. Зошто ред бул е легален? Нели тоа содржеше сперма од бик или такво нешто? Не гледајте со што ви го мешаат кокаинот, ред булот го мешаат со ебана сперма од бик.
(Заради чиста коректност и точност, тука ќе додадам дека ред бул не содржи сперма од бик.)
Фред
Си чул дека вотка и енергетски пијалак наводно имаат ист ефект како и кокаин?
- Мислиш во смисла дека ти го забрзува срцето и те држи буден? Да.
Се плашиш дека ова ќе ти ги одземе муштериите?
- Мислам дека луѓето се уште не се спремни да престанат да вшмукуваат работи со својот нос.
Мислиш дека кокаинот уште има повеќе да понуди?
- Па нормално - мислам дека ритуалот за тоа е многу попоетски отколку мешање вотка и ред бул.
Ок. Тогаш зошто мислиш дека кокаинот не е легален ако е толку попоетски од вотка-ред бул?
- Во пракса, легален е - во однос на лично користење.
Шила
Дали знаеш дека вотка измешана со енергетски пијалак наводно исто влијае на твојот мозок како и линија кокаин?
- Не бе, немав поим, ама не верувам.
Зошто?
- Само претпоставувам дека пакетчето посилно ќе удри.
Мислиш дека тоа што ваквите пијалаци имаат ист ефект како и кокаин ќе ти наштети на бизнисот?
- Нема шанси - луѓето си го бараат пакетчето. Ако продаваш вотка-ред бул во целофан а кокаин во лименки, луѓето пак ќе сакаат да платат за тоа што е во целофанот.
Интересна теорија. Мислиш дека кокаинот уште има што да понуди?
- Во плацебо смисла, да. Ако и двете го имаат истиот ефект, пакетот секогаш повеќе ќе понуди.
Зошто?
- Очигледно луѓето повеќе го сакаат ефектот што го имаат дрогите, ама исто така има е одредено чувство на романтизам во бунтовништвото на нивно користење.
Длабоко. Па зашто тогаш кокаинот е нелегален ако има ист ефект?
- Затоа што има војна против дрогите.
Се согласуваш со војната против дрогите?
- Ни најмалку.
Ама па ако нема војна, ти ќе останеш без работа.
- Ух, точно. Ама чекај, пак ќе имам работа: ќе биде исто како што е со легалната марихуана во САД - само ќе има повеќе луѓе на кои ќе им продавам.
Брус
Си чул дека пиење вотка со енергетски пијалак наводно има исто влијание како и линија кокаин?
- Не сум го чул. И лично не се согласувам со тоа.
Зошто не? Науката така вика - не можеш да не се согласуваш со наука.
- Па, затоа што кога ќе испијам вотка-ред бул не почнувам автоматски да инсистирам одма да испијам уште една и после да станам неподнослив ако не добијам.
Добра поента. Мислиш дека оваа вест ќе влијае на продажбата на кокаин?
- Ни најмалку.