Иако претходните студии открија различни заедници на микроби во кујнските апарати како што се машините за миење садови и машините за кафе, ова е првпат микробрановата печка да биде испитана за поседување свој микробиом. Истражувањето, објавено во Frontiers in Microbiology3, ја конфронтира вообичаената заблуда: дека микробрановата радијација загрева и целосно ги убива бактериите кои предизвикуваат болести кои се пренесуваат преку храна, како што се ешерихија коли и салмонела.
„Уште од 1980-тите, сите нè учеа дека ако користите микробранова печка, таа загрева сè и убива сè“, вели Џејсон Тетро, канадски микробиолог познат како „The Germ Guy“. Оваа студија е „важна“, вели тој, затоа што го насочува вниманието на потенцијалните патогени во овие уреди, особено оние кои се споделуваат.
Алба Иглесијас, микробиолог на Универзитетот во Валенсија и нејината екипа земале брисеви од 30 микробранови печки: домашни, канцелариски и лабораториски. Потоа ги култивирале примероците и секвенционирале ДНК.
Вкупно 101 бактериски соеви имало во културите. Доминантните припаѓале на родовите Bacillus, Micrococcus и Staphylococcus, кои најчесто живеат на човечка кожа и површини кои луѓето често ги допираат. Бактериите од човечка кожа биле присутни во сите три типа на микробранови печки, но позастапени биле во домаќинските и оние за заедничка употреба. Неколку видови бактерии поврзани со болести кои се пренесуваат преку храна, вклучително и клебсиела бревундимонас имало повеќе во домашните микробранови.
Тимот сугерира дека екстремофилните соеви што ги пронашле во микробрановите можеби биле еволутивно „одбрани“, со преживеани повторени циклуси на зрачење и би можеле да имаат биотехнолошки апликации.
Но, за пошироката јавност, импликациите од студијата се поедноставни. Микробрановата печка не е чисто и недопрено место, но не е ниту патоген резервоар од кој треба да се плашиме. Се препорачува таа да се чисти исто онолку колку што се чистат другите површини за да се елиминираат потенцијалните бактерии.