Тејлор Свифт е погласна од Моторхед и AC/DC

Модерната поп рок музика станува жртва на трендот на масивно компресирање на аудио фајловите за да се добие што поголема гласност при што се губи шаренилото на звукот.

Долниот ннфографик на мастеринг инжинерот Иан Шепард покажува дека последниот албум на Тејлор Свифт "1989" е погласен и од Back in Black на AC/DC, од Never Mind the Bollocks на Пистолси, од некогаш најбучниот The Ace of Spades на Моторхед како и од Црниот албум на Металика.

1989 има DR6 (динамичен опсег кој претствува однос меѓу најголемите и најмалите вредности на звукот) што практично значи дека во име на гласноста звукот е толку збиен што се губат разликите меѓу високите и ниските тонови. Back in Black мава со  DR12, додека Bollocks, Spades и Црниот албум имаат опсега од DR11.

Всушност, ниеден албум пред 1996-та не бил полош од DR9, а најголема жртва во војната за гласност е Death Magnetic на Металика кој има штур динамичен опсег од тројка.

Шепард вели дека ваквиот тренд се заснова на идејата дека "погласното е подобро" но додава:

"По одредена точка, звукот станува рамен, се губи секаква емоција а може дури и да звучи скршено или досторзирано. За жал, добар дел од денешниот меинстрим поп-рок е во таа линија", вели Шепард.  

Видео кое ја објаснува целата таа "гласност контра DR" војна.

* Датабаза на DR рејтинзи на артисти и албуми

28 април 2015 - 12:42