Сума со овој обем претставува сериозен егзистенцијален ризик за медиумската компанија. Гавкер објави дека во 2014-та имал приходи од 42 милиони долари, а во јануари сопственикот продаде дел од компанијата на инвеститори за да може да ја финансира судската парница што ја покрена Хоган.
Иако ќе следува жалба на пресудата, пред да се почне со нејзе Гавкер ќе треба да исплати осигурување од 50 милиони долари. Жалбата ќе биде дека правото на приватност на Хоган не може да биде поголемо од правото на Гавкер да го објават материјалот за кој веруваат дека е во јавен интерес.
"Објавување снимка од консензуален секс меѓу возрасни не е баш најдоброто место за бранење на Првиот амандман. Меѓутоа треба да се разгледа потенцијалниот ефект врз медиумите што би го имало потврдувањето на пресуда со ваква големина," пишува Фабио Бертони за Њујоркер
Според Бертони, работите стојат вака: Првиот амандман го заштитува правот на објавување факти за јавни личности, освен ако овие факти не се крајно навредливи за разумен човек и не се легитимна грижа на јавноста. Во случајов има изобилство докази дека Хоган нема проблем јавно да зборува за детали од неговиот сексуален живот, и дека тој самиот го смета неговиот сексуален живот, и постоењето снимката, како легитимен јавен интерес.
"Иако многу етаблирани новински организации, вклучувајќи ја и оваа, не би објавиле такво видео, важно е да се оддели она што се смета дека е безвкусно па дури и злонамерно, од она што претставува кршење на законот," пишува Бертони.
Хронолошки, во септември 2012-та Гавкер добива анонимна пратка со ДВД на кое Хоган има секс со извесна Хедер Клем, сопруга на во тоа време најдобриот пријател на Хоган, Баба Клем. (Подоцна излезе дека Хоган неколку пати има спиено со Хедер, и дека нејзиниот сопруг ја поттикнувал на ова, и дека тој ја направил снимката.) Снимката која трае околу половина час, уредниците на Гавкер ја уредуваат на минута и четириесет секунди, од кои само 9 секунди се со секс, остатокот е разговор меѓу двајцата.
И Хоган и жената сведочат дека не знаеле дека се снимани, а Баба Клем не се појавува на судењето повикувајќи се на Петтиот амандман (кој го заштитува правото да не се инкриминира самиот себе). Во сведочењето Хоган изјавува дека се чувствувал "комплетно понижен" од објавувањето на снимката, иако подоцна признава дека не му е прв пат да биде дел од експлицитни јавни дискусии за неговиот сексуален живот.
"Со зборувањето во јавност за своите секс партнери, Хоган не им дава на медиумите неограничен пристап до неговиот приватен живот, меѓутоа тој индицира дека приказната се секс снимката и нејзината содржина е дел од јавен интерес. За ова тој се вади дека овие изјави (на ТМЗ, Хауард Стерн) ги дал како дел од неговиот лик Хулк Хоган, меѓутоа тие не го одразуваат неговиот вистински идентитет како Тери Болеа (родено име и презиме)," објаснува Бертони
Дали снимката имала новинска вредност? Според адвокатите на Хоган не, а Гавкер ја користел само за генерирање сообраќај на својот сајт. Позицијата на Гавкер беше сериозно разнишана и од самите сведоци што ги повика одбраната на медиумот: беше спомната изјавата на главниот уредник дека "нивната цел не е да прават добро,"; на ова се надоврза сведоштвото на уредникот Даулерио според кој има малку новинска вредност во слики од пенисот на Хоган, и една негова претходна изјава дека границата за објавување секс видеа му е 4-годишни деца. ("Поротата наводно се вознемирила, а Даулерио изјави дека се шегувал околу изјавата.")
"Дали Гавкер мораше да го покаже видеото? Адвокатите на Хоган изјавија дека пишано објаснување на настанот би било доволно и заштитено. Останати медиуми кои исто така ја добија снимката одбиле да ја објават, очигледно заради истите причини што ги навеле адвокатите. Меѓутоа има неколку проблеми со овој аргумент. Прво, судските одредби дали некое видео е соодветно во конкретен случај може да претставува повреда на уредничката проценка. (Дали осум секунди би биле во ред? Или три? Или ако било замаглено?) Второ, на интернет, видеото станува стандард за доказ. Моќта на видеото да го зграби вниманието и да мотивира луѓе, како и со неодамнешните видеа од полицијата како пука во невооружени граѓани, или насилството на митинзите на Доналд Трамп, не може да оспори.
... Дали би било полошо за сите ако никој не е подготвен да објави такво видео? Не треба да се колнеш во Првиот амандман, во корист на неограничено објавување на секс видеа, за да знаеш дека би било полошо," заклучува Бертони.