Таг: гавкер

Основачот на Гавкер ќе го плаќаат за да не работи

Гавкер.ком комплетно затвори, а основачот Ник Дентон комплетно е тргнат од раководењето со Гавкер медиа, чии брендови како Гизмодо и Лајфхакер завршија кај Унивижн за 135 милиони долари. Дел од договорот е Дентон ништо да не работи.

Гавкер стигна до крајот

Откако му остана должен на Хулк Хоган 140 милиони долари, сајтот Гавкер спасот го бараше во прогласување банкрот, по што следуваше лицитација. Гавкер медиа беше купен за 135 милиони долари, меѓутоа новиот сопственик одлучи дека носечкиот сајт, Gawker.com, ќе биде затворен.

Што значи пресудата на Хулк Хоган за иднината на медиумите

Поротата во Флорида одлучи дека Гавкер треба да му исплати 140 милиони долари на Хулк Хоган за прекршување на приватноста, заради објавување на приватно секс видео на поранешниот кечер. Отштетата е 40 милиони долари поголема отколку што Хоган побара.