Веста во јавноста беше објавена од еден од авторите што пишуваат на сајтот, кој пренесе дека ЦЕО-то на компанијата, Ник Дентон, неколку часа пред официјализирањето на купопродажбата на Гавкер медиа, соопштил дека сајтот се гасне, а уредниците ќе добијат позиција во еден од останатите шест сајтови на групацијата.
"Ова е неверојатен пресврт за медиумската компанија - и веб-страната - која не така одамна ја сметаа за иднината на медиумите. Гавкер.ком, носечката веб-страна, знаеше да биде остра, забавна, прониклива, и често пати објавуваше политички или технолошки стории на кои им љубомореа традиционалните медиуми. Тие беа првиот сајт што објави дека постои снимка од Роб Форд, градоначалникот на Торонто, како пуши крак, и започнаа онлајн кампања за собирање пари за купување на снимката од човекот што го снимил видеото. Тие го објавија првото експозе за Патот на свилата, кој оттогаш е затворен. Тие го открија најтоксичниот коментатор на Редит. Исто така стана еден од првите медиуми чии вработени синдикално се организираа, поставувајќи ги основите за слични вакви подвизи во други медиуми.
Меѓутоа, во исто време, Гавкер создаде непријатели. Тие во јавност објавија дека милијардерот инвеститор Питер Тиел (човекот кој подоцна ги финансира трошоците на тужбата на Хулк Хоган, што е причина за банкротот) е хомосексуалец, а истото го направија и со еден медиумски директор инаку брат на поранешен американски министер за финансии. Овие потези беа критикувани од традиционалните медиуми и самите читатели на Гавкер, ама сајтот изгледаше како да ужива, барем јавно, во критиките.
На крај една слична ваква сторија беше почетокот на крајот на Гавкер: одлуката во 2012 да објават секс снимка од Хулк Хоган, поранешниот про-борач роден како Тери Болеа.
Болеа тужеше, и во март поротата од Флорида му додели 140 милион долари. Подоцна беше откриено дека Тиел ги финансирал правните трошоци за тужбата - а милијардерот изгледаше како да ужива во улогата што ја има во пропаста на Гавкер. Во јуни, Гавкер медиа прогласи банкрот, е на почетокот од август истото го направи и Дентон. Гавкер и неговите сајтови беа ставени на продажба: Зиф Дејвис, компанијата што го објавува Писи магазин, и Унивижн беа единствените двајца што учествуваа во наддавањето. Неделава, Гавкер медиа беше продаден на Унивижн. Неколку дена подоцна, Гавкер.ком објави дека ќе престане со работа - 14 години по започнувањето.
Останатите брендови на Гавкер медиа - Jezebel, Lifehacker, Kotaku, Deadspin, Gizmodo и Jalopnik - ќе продолжат со работа," пишува Кришнадев Каламур за Атлантик.