Новинарите се хоспитализирани а нивните болнички сметки ќе бидат платени од News International, изјавиле лица запознаени со ситуацијата.
Инаку, вкупно 11 новинари на Сан се уапсени под сомнение дека на јавни личности, меѓу нив имало полицајци и припадници на армијата, им плаќале за доверливи информации. Новинарите на Сан беа уапсени откако News Corp. на Руперт Мурдок и предаде на полицијата над 300 милиони мејлови и останати документи.
Целата оваа ситуација лошо влијае на моралот во редакцијата на Сан, а минатиот месец лично Мурдок беше во седиштето на весникот за да се справи со кризата.
Голем број новинари на Сан чувствуваат дека се предадени и дека со соработката со полицијата, News Corp. ги штити интересите на компанијата и акционерите за сметка на новинарите.
Според лондонската полиција, во Сан постоела култура на давање мито на јавни личност која била авторизирана од највисоките нивоа во фирмата. До сега вкупно 30 новинари на News International се уапсени по основа на хакирање и подмитување.