Во првиот дел, мутантот успева да преживее меѓутоа ја губи способноста за заздравување која повеќе од еден век го одржува во живот. Целата приказна треба да заврши во септември, со објавување на по еден број неделно.
Најавата на авторот е дека смртта на Вулверин ќе биде трајна и е "настан направен за да остане таков." Чарлс Соуле објаснува дека ликот дефинитивно ќе исчезне "меѓутоа она што е важно е начинот на кој тој ќе умре."
"Тој е Гари Купер во Точно на пладне кој е свесен дека ќе биде убиен, само што не знае дали ќе отиде во рајот или во пеколот кога сето ова ќе заврши," изјавил главниот уредник на Марвел, Алекс Алонсо.
Вулверин во минатото неколку пати е пред умирање, меѓутоа секогаш се враќа благодарејќи на моќта што доаѓа од металот во неговото тело. Реакцијата на фановите во врска со најавата во основа е сомнеж дека Вулверин навистина ќе остане мртов, и дека најверојатно за некоја година ќе се случи некое магично воскреснување.