Опсегот на стриповиве се движи од цинични до апсурдни и мрачни, дело се на Рајан Хадсон кој ги црта веќе една деценија, и ако има нешто што е приближно налик нив тоа би бил Саут парк.
Дали е цинизам ако е точно, и слични дилеми што доаѓаат од името на мексиканскиот цртач на стрипови "Илустриран цинизам", кој успева снајперски да ги удене твоите проблеми без никогаш да те запознае.
Тоа што вие сте престанале да читате BOFH не значи дека во меѓувреме систем администраторите почнале да се расправаат со технолошко просветлени суштества... Ни најмалку. Пак се истите пациенти, ама овој пат побројни.
Официјалниот извештај од 2014 за тортурата врз воените затвореници за време на мандатот на Буш од над 500 страни е претворен во стрип. Во крајно вознемирувачки стрип.
Френ Краус е автор на стрипот / сликите Deep Dark Fears. Бизнис планот на човекот му е следен: ти му пишуваш кој е твојот најголем и најмрачен страв (без разлика колку нелогичен, бесмислен и срамен), а тој тоа го претвора во стрип. Тоа изгледа вака.
Чикава има продавница за стрипови. Ниту ја сака продавницата, ниту сака стрипови, а па најмалку муштериите. "Абе на времето фармерите знаеа што прават. Ги ставаа во стриповите во полското вц, за да се бришат. Пошто стриповите толку и вредат."
Насловот на новата стрип-серија е "Смртта на Вулверин," ќе има четири делови, и во неа ќе се раскажуваат последните денови на еден од главните супер-херои на Марвел. Ама овој пат навистина последни.
Ако го тргнеме на страна спасувањето на светот, зборуваме за богаташ кој живее во својата таинствена вила на периферијата од градот, со својот батлер и едно младо момче.