
Документот на кој Комисијата за разузнавање на американскиот Сенат работеше неколку години беше објавен во 2014, и во него се детално опишани напредните методи за испрашување (вотербординг и слично) што ЦИА ги користи.
Стрипот содржински го следи извештајот на комисијата, без застранување во приказната.
Автори на стрипот се Сид Џејкобсон и Ерни Колон, истата двојка која претходно објави стрип адаптација од извештајот на Комисијата за 11-ти септември.