
Минатиот месец додека неговите медиуми беа под истрага за скандалот со прислушување, Мурдок одвои време лично да се појави во Лондон и да присуствува на лансирањето на неделното издание на Сан.
Но и покрај ова, во изминатите десет години, учинокот на весниците во вкупната заработувачка на Њуз корп. постојано се намалува.
Ако во 2002-ра, весниците донеле 783 милиони долари, во 2011-та тие носат 864 милиони долари. Но во исто време, приходот од кабелската телевизија од 199 милиони долари во 2002-ра, во 2011-та пораснал на 2,76 милијарди долари. Слична нагорна патека има и филмската продукција, која од 473 милиони долари во 2002-ра, до 2011-та речиси ги има дуплирано приходите на 930 милиони долари.
Дури и некои од поранешните директори објаснуваат дека Њуз корп. "прераснала во компанија за спорт и забава, која има проблем со весниците."