Зошто киното е добро за здравјето?

Затоа што во кино се јадат пуканки. А пуканките содржат антиоксиданси повеќе од овошјето и зеленчукот.

Антиоксиданси од типот полифеноли се повеќе концетрирани во 4-те проценти вода колку што содржат пуканките отколку во 90-те проценти вода од овошјето и зеленчукот.

Притоа најздрав дел од пуканката е она што најмногу не нервира - лушпата која знае да се заглави меѓу забите.

"Кон нив треба да имаме поголемо почитување. Во нутриционистичка смисла, тоа се златни лушпи," вели професорот Џо Винс, пионер во истражување на здравите компоненти на храната.

Иако многу пакувани житарки се декларирани како цело зрно, најчесто тоа само значи дека над 50 проценти се такви. Пуканката е 100 цело зрно и една доза пуканки задоволува 70 проценти од потребните дневни дози.

Винс предупереува дека најмалку здрави се оние кои се прават во микробранова печка, поради количината на масти и сол што ги содржат.

27 март 2012 - 11:26