Транспарентност Мекдоналдс

Ако не знаете колку калории има еден Биг Мек или Мек Фреш, без гајле, во скоро време МекДоналдс планира сериозно да ви ја наруши оваа блажена неинформираност.

Компанијата планира на таблите со менија над касите до секој производ да го испише бројот на калории што тој го содржи. Промената следува по разговорите со потрошувачите кои речиси едногласно побарале повеќе информации.

"Тие побараа од нас да го олесниме наоѓањето на информации во рестораните," изјавила претседателката на МекДоналдс САД, Џен Филдс.

Промената во прво време ќе биде само за пазарот во САД, меѓутоа ќе биде проширена и во другите земји во светот.

Инаку, Мекдоналдс веќе со децении го објавува бројот на калории и слични нутриционистички податоци за своите производи на задната страна на листовите што ги добивате со секој послужавник.

Од Мекдоналдс порачуваат и дека тие секогаш ќе бидат познати по своите бургери и помфритот, ама дека планираат да направат промена на дел од менито, како што е случајот со пржените McNugget, кои во иднина ќе бидат правени на скара.

"Си играме со идејата да правиме McNuggets на скара. И не е толку лесно како што мислите, бидејќи децата повеќе ги сакаат постојните McNuggets отколку новата варијанта. Ама дајте ни време и мислам дека ќе најдеме начин," изјавил потпретседателот на Мекдоналдс, Грег Ватсон.

14 септември 2012 - 10:21