ЕУ планира да јаде штурци

Една година и нешто откако Економист пишуваше дека глобалното производство за храна ја задушува планетава и ги исцрпува нејзините реруси а еден од проблемите е што западните луѓе се премногу гадливи на поинаква храна, во листата на дозволена храна, ЕУ ги додаде штурците.

Со уредба од трети јануари 2023 година, Европската комисија одобри користење на „одмастен прав од Acheta domesticus“ (домашен штурец).

Уредбата е донесена откако Европската агенција за сигурност на храната дала стручно мислење дека одмастениот прав од штурец е безбеден за јадење „во предложените услови и количини на употреба“.

Делумна загриженост имале поради ограничените докази за алергичност на штурци (кој јадел, па да знае?) па предлагаат дополнителни истражувања за тоа колку штурецот е алерген.

Во „подготвителниот“ текст на Економист се објаснуваше како во 17-от век Европејците одбивале да јадат компир (прв пат донесен од Америките), како доматот и палентата станале столбови на италијанската исхрана иако се појавуваат дури по 16 век, исто така од Америките (плус кафе од Арабија или чај од Кина), па се порачуваше дека дека треба да дадеме сè од себе за да се навикнеме и на некои денешни новини.

„Регулаторите, посебно во Европа и Америка треба да го олеснат процесот за одобрување на вештачки одгледано месо, да бидат повеќе отворени кон генетски уредувани житарки и да го забрзаат одобрувањето на инсекти како исхрана за животни или за човечка консумација. Неопходна е масовна реформа на прехранбениот систем, меѓутоа тоа ќе биде возможно само ако потрошувачите и регулаторите се подготвени да бидат похрабри околу тоа што треба да се јаде за вечера,“ пишуваше Економист.

Во следните пет години, ЕУ ѝ даде ексклузива на фирмата: Cricket One Co. Ltd 383/3/51 Quang Trung Street, Ward 10, Go Vap district, Ho Chi Minh City.

Од Виетнам.

* уредбата за штурците  - овде

***************

Види и:

Може сме сред апокалипса, ама сепак не, благодарам

20 јануари 2023 - 10:58