НАСА пресреќна што Марсовец на сите им се допадна

Ако се мери според првиот викенд и заработувачката од 56 милиони долари, Марсовец вистински и се допадна на публиката. Ама ова не се ни споредува со тоа колку и се направи мерак на НАСА.

Иако филмот не ја претставува НАСА во баш најдобро светло (да не правиме спојлери, одете гледајте го), тие се вонредно возбудени, прво, заради силниот фокус што е ставен на агенцијата, и второ, посебно вниманието на футуристичката технологија поврзана со истражување на Марс.

"А НАСА, која вообичаено со неверување гледа како од година во година и го кратат буџетот, ја користи секоја можност за бесплатно внимание што може да ја добие. Преку агресивната промотивна кампања за Марсовец, НАСА го разгласува својот план да испрати астронаути на Марс во 2030-та и почнува со собирање поддршка на социјалните медиуми со #JourneyToMars.

Вселенската агенција дури објавува и фотографии кој прават споредба на сличностите и разликите меѓу филмот и реалноста. Во блог пост од петокот, НАСА објави неколку прецизни фото споредби кои објаснуваат добар дел од нивните технологии, и како тие се поврзани во филмот," пишува Ејми Ванг во Атлантик.

5 октомври 2015 - 13:57