Премиера на „Во Шумата„ со Мерил Стрип и Џони Деп

ФХ3Х во „шумската„ магија на Роб Маршал

Филмот „Во Шумата„ на кој соработуваа и македонското студио за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х започнува со прикажување на 8 јануари во киното Cineplexx

Филмот на Роб Маршал, „Во Шумата„ од мјузикл преминува во детска приказна, од детска во мрачна приказна, од мрачна приказна во комедија. Во него, Вештерката, која ја игра Мерил Стрип, ги поучува карактерите на популарните детски приказни како Пепелашка, Црвенката, Трнорушка, Џек убиецот на џинови, на важни животни лекции. Сценарист е James Lapine, а покрај Мерил Стрип, во филмот играат и Џони Деп, Ана Кендрик и Крис Пајн.

Продукцијата на филмот е неговото forte, оттаму номинациите и освоените награди во овој краток период од првата проекција, од кои најмногу го исчекуваме развојот врзан за учеството во избор за номинациите за Оскар за споредна женска улога, костимографија и дизајн и монтажа на звук, за што повеќе ќе знаеме по 15 јануари кога ќе биде објавена листата на официјалните 5 номинации во секоја категорија.

„Овој проект претставуваше посебен предизвик бидејќи на него работеше голем дел од нашиот тим и тоа околу 50 артисти во период од 4 месеци и тоа на над 50 комплексни и тешки кадри. Тоа е воедно и задоволството да се работи на вакви проекти, особено со врвна актерска екипа, како продолжување на долгогодишната соработка со нашиот клиент MPC Technicolor од Лондон. Очекуваме да биде прилично интересен филм, особено поради тоа што е различен во однос на популарните детски приказни и прави некоја паралела меѓу она што го учиме во приказните и она што го сретнуваме во животот. Одличните визуелни ефекти дополнети со врвна костимографија и шминка го прават многу атрактивен за гледање, за што зборува и неговиот успех на box office-от„ изјави Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х.

Премиерата на филмот „Во Шумата„ беше на 25ти декември во Америка и според заработувачката на филмови кои имале премиера на Божиќ е на 4то место, по Scherlock Holmes кој во 2009 година заработи 24.608.941 милион американски долари само во првиот ден на прикажување, Les Miserables кој во 2012 година заработи 18.111.665, Unbroken, кој кај нас ќе има наскоро премиера, а кој на своето прво прикажување заработи 15.434.400 милиони. Своето 4то место, Into The Woods го заслужи со заработувачка од 15.089.740 милиони долари, и досега на светско ниво има заработено 97.009.000 милиони долари. Буџетот за продукција на филмот беше 50 милиони долари.

(комерцијален текст)

8 јануари 2015 - 08:30