Се работи за Шпанката од Барселона, Каролина Лекер, која според Њујорк пост има направено богатство од „тестирање“ туѓи бракови.
Лекер е ангажирана од сомничави сопруги на кои им наплаќа по 2.000 долари за да почне да им пишува директно на нивните сопрузи на некоја од социјалните мрежи (наместо тие да се мачат да прават лажни профили).
Процедурата почнува со директна порака од нејзе на Инстаграм, и чека жртвата да и врати. Таа продолжува со допишување се додека работите не станат сериозни.
„Ако после долго допишување тој сака да се сретне со мене ги добивам парите, ако не, го минал тестот,“ објаснува девојката.
Лекер дава и гаранција за својата работа, па ако некој сопруг се покаже верен и не врати на комуникацијата, таа им ги враќа парите на муштериките. Наводно имало и такви.