Кога ќе се видиме?

„Quando Videre Possimus“ e краток ноар филм на Дејан Бошковиќ кого ви го претставивме со оној дирљив документарец за омаж концертот за Битлси на еден нишки покрив за време на пандемијата. И овојпат дечкото е инспиративен пример како човек треба и може да се бави со она што му е ќеиф и со она за што го бива, без да кука како „државата нема стратегија...“ Филмот е на латински, со српски титлови и баш сакаме да го видите.

Дедрик живее мирен живот во својот стан. Неговиот спокој, мир и тишина ја расипува бучавата која секојдневно доаѓа од под неговиот прозорец. Тие необични а зачестени случки му го привлекуваат вниманието. Сакајќи да открие што се случува, почнува да открива некој нов свет. Свет во кој нема место за него и свет кому тој не му припаѓа....

*********

Види и:

„Соништа“ - документарец за моќта на волјата во време на неволја

Светско, а нишко, а наше

5 април 2024 - 16:29