Технологија

Закерберг го цинкарел ТикТок кај Трамп

Состаноците што ги имал со Трамп и неговите блиски Закерберг ги искористил за да им се влее страв околу ривалот на Фејсбук.

Никој не сака да го плаќа „Епл данокот“ од 30%

Нешто слично како што Епл со цела сила се труди да избегне плаќање данок на САД (и другите земји во кои функционира), така и компаниите кои зависат од продажбите што ги прават преку Ап стор на Епл не сакаат да ги плаќаат 30-те проценти надомест за користење на платформата.

Системи за фацијално препознавање може да се хакнат

Системите за препознавање лица се повеќе се користат како начин за идентификување луѓе на аеродроми и во други безбедносни ситуации. Но, истражувачи покажаа како може да се прелаже системот да препознае лице кое всушност не е тука.

5Г имплозијата на Хуавеи во Британија

По 20-годишна врска, раководството на Хуавеи на 14 јули преку телевизија дозна (Британскиот собраниски канал) дека британските власти ги прекинуваат врските со компанијата околу 5Г системи и технологија.

Јапонското здравство уште е на погон на факсови

Наспроти тоа што од тука изгледаат како да се од друга планета и живеат во 2100-та година, секоја јапонска болница за време на ковид-19 со закон е обврзана по факс да испраќа рачно напишани извештаи и документи околу дневната состојба со пандемијата до здравствените центри во државата.

Ветерниците ќе се менуваат со дронови

Таман луѓе навикнаа ветерници за производство на струја да се дел од пејсажот на многу места на светов, ако успеат едни Холанѓани, наскоро ќе треба да навикнуваат на дронови. 

На сиот напредок, Њу Џерси функционира на КОБОЛ

Го знаете ли/памтите ли COBOL? Тоа е програмски јазик кој се учеше во 80-тите години а кој дури и во годините на својата популарност беше сметан за незграпен и заостанат. Во 2020 година, многу американски државни системи и натаму се кодирани во него.  

Како Теленор ја следи епидемијата за Норвешка

Податоците за своите корисници што Теленор им ги предава на норвешките власти се клучни за предвидувања од број на заболени и број на кревети што ќе бидат потребни во различни региони на земјата, до како ќе се шири епидемијата.

Британците почнаа да рушат 5Г антени за да спречат ширење на коронавирусот

За вас што ви се руши, продолжете, ништо што ние имаме да ви кажеме нема да ве предомисли. За вас што не ви се верува што читате, што да ви кажеме, чувајте живци и гледајте 4Г-то да ви е добро.

Злосторството на помагање болница сред пандемија

За да помогне во спасување на пациенти заразени со ковид-19 кои лежат во локалните болници Италијанец со ЗД печатење за околу 1 евро создава вентил за медицинска машина што производителот го продава за 10.000 евра. Во знак на благодарност веднаш добива тужба од производителот на опремата (и делот).

Во дувлото на измамниците

Иако „нигерискиот принц“ е синоним за он-лајн измами, Индија е светскиот расад на интернет измамници, кои работат далеку пософистицирано, па имаат и далеку побројни жртви.

САД тврдат дека Хуавеи има таен пристап до телефонските мрежи

Ставот на американското разузнавање во однос на Хуавеи „верувајте што ви збориме“ доживеа целосен пресврт па сега американските шпиони објавија документи дека Хуавеи можат да ја користат својата опремата за шпионирање.

Што па сите се фатија за 5Г, кога цели телефони се кинески?

Да ги слушаш политичарите како зборуваат за 5Г е исто како да слушаш човек што прв пат се надувал како зборува за космичка свест и отворање чакри - не знаат за што зборуваат, ама сите мора да ги чујат.

Како Бин Салман упадна во телефонот на Безос, и зошто тоа е страшно за тебе

Ајде од вториот дел: најбогатиот човек на светот кој располага со речиси неограничени ресурси за да се одбрани од хакирање, ем не успеа да се одбрани, ем му требаа долги месеци истрага (и неброени пари) за да открие кој му упаднал во телефонот.

Силициумската долина се претвори во она што требаше да го замени

Некогаш малите стартапи кои требаа да го уништат моделот на гигантите како што беше ИБМ со нивните мејнфрејм компјутери, во меѓувреме се претворија во токму такви гломазни компании. И мејнфрејм концептот го вратија, со ново име - клауд.

На Хуавеи му се позлати ембаргото од Трамп

По подолго време работење под санкции од САД, Хуавеи објави дека 2019 ја завршува со приходи од 122 милијарди долари, што е нов рекорд за компанијата.

2019, годината кога телекомите се избезумија по 5Г

5Г технологијата е неизбежна, и таа ќе биде корисна, ама тоа не е ни приближно чудотворна технологија како што толку се трудат да ја претстават.

Епл извади нови тркалца за да види до кај може да тера

Почетната цена на новиот Мак про на Епл е 6.000 долари, а крајната, ако запнеш, може да стигне до 53.000 долари. И ова е познато, и горе доле разбирливо, имајќи го предвид квалитетот на компонентите и што сè ќе ставиш. Она што не беше познато е дека новиот Мак про ќе има и тркалца, и колку ќе чинат овие тркалца.

Хуавеи успеа да склопи телефон без американски чипови

За Хуавеи американските компоненти се повеќе стануваат „добро е да се има, ама и не мора“ дел од работата, и Хуавеи Мејт 30 е доказ за тоа.

Тесла да печати пари нема волку да заработува

Не е помината ни една недела откако Елон Маск го презентираше Тесла Сајбертрак, а веќе 200.000 луѓе имаат оставено депозит за да држат место во редот за купување на електричниот пикап.

Во Русија на руски, софтвер

Русија изгласа закон со кој во земјата се забранува продажба на смартфони во кои нема однапред инсталиран руски софтвер.

На смартфон никогаш ништо нема да биде безбедно, па ни приватно

До пред само некој месец апликациите за камера на Самсунг и Гугл смартфоните, имале пропуст преку кој напаѓачи може да пристапат до камерата, да снимаат аудио, видео и да фотографираат со нејзе, истото да го качат на сопствен сервер, и сето тоа без ти ниту да знаеш ниту да претпоставиш дека нешто ти се случува.

Не мора да е сè мед и млеко, може само млеко

Во Јужна Африка се собираат пластични шишиња од млеко, се рециклираат и се прави смеса со која се реновираат патишта. И децата сити, и бандажите на број.  

Да дочекате и вашиот банкомат да фати ваков вирус

Наместо стандардното крадење броеви од кредитни-картички на корисници на банкомати, жртва на еден нов малвер е самиот банкомат кој не може да се контролира и го блуе целиот кеш што го има во себе.