Целата залиха на резервни делови и опрема што ги имал на руска територија, ЦИСКО ги уништил пред да ја напушти државата. Залихата се проценува на некои си 23 милиони долари.
Како деловите така и сите возила, канцелариска опрема, мебел и демо примероци што ЦИСКО ги имал во Русија биле уништени.
Руската агенција ТАСС ова го објаснува со законот за данок во Русија според кој фирмата добива даночни олеснувања (државата и враќа пари) за целата опрема што ја имаат која е амортизирана.
На крајот од 2022 ЦИСКО има само 5 вработени во Русија кои треба да ги испеглаат сите прашања околу данокот. На крајот од 2021, компанијата директно вработуваше 60 лица.