Во промо-видео за Бард објавено на Твитер, четботот треба да одговори на прашањето „Кои нови откритија од вселенскиот телескоп Џејмс Веб можам да му ги покажам на своето 9-годишно дете?“
Одговара дека тој телескоп ги има направено првите снимки од егзопланета надвор од нашиот сончев систем. Неточно. Според НАСА, првите такви снимки се направени во 2004-та, од опсерваторија во Чиле.
Грешката што ја воочи астрофизичарот Грант Тремблеј, не можеше да дојде во полош момент за компанијата што го промовираше својот четбот, најави дека наскоро ќе биде јавно достапен и интегриран во пребарувачот на Гугл.
Мајкрософт ги претрка со настан ден претходно каде промовираше нова верзија од својот пребарувач Бинг, развиен од OpenAI, компанијата што стои зад ЧетГПТ.
Поради грешката и демонстрацијата која не ги задоволи очекувањата, акциите на Алфабет паднаа за 9% или 100 милијарди долари. Акциите на Мајкрософт пак, пораснаа за 3%.