Таг: четбот

Вештачката интелигенција е закана за Википедија?

Меѓу големиот број последици од (барем за нас, лаиците) неочекувано брзиот подем на генеративната вештачка интелигенција, е дилемата околу корисноста или ризикот да се работи со големи јазични модели за генерирање содржини. На пример на најкористениот извор на информации, отворената енциклопедија - Википедија.

Што знае вештачка интелигенција што се 100 милијарди долари

Алфабет и Мајкрософт се во трка кој ќе извади подобар четбот. По планетарниот успех на ЧетГПТ на Мајкрософт, фирмата-мајка на Гугл побрза да ја промовира својата вештачки интелигентна перјаница Бард и направи грешка во чекори. Тоа ја чинеше компанија 100 милијарди долари во пад на вредноста на акциите.

Кога ќе си фатиш четбот за женска

37-годишен разведен маж ужива во врска со бот од Реплика, четбот што нуди алтернатива на романтична врска и порачува дека тоа е најдоброто нешто што му се случило со децении. Ем за разлика од бившата знае да го сослуша, ем, се надева дека ако ботовите еден ден победат, таа ќе каже некој добар збор за него.

Ако сакате разумен и информиран соговорник, пробајте со најновиот четбот

Најновото во синџирот на еволуцијата на вештачка интелигенција доаѓа во форма на „нешто“ со кое можете да разговарате како со човек. И уште повеќе - како со прилично артикулиран и разбран човек, со кого е мерак да се прави муабет.

Роботот чиј муабет ќе ве замисли

Робот на Гугл знае смислено да комуницира со луѓе откако прочитал милиони филмски сценарија од кои учел за теми како што е смислата на животот и моралноста. Ќе ви ја пренесеме конверзацијата која е импресивна, забавна и помалку вознемирувачка.