Се работи за Старлинк В2 мини сателити, од кои во понеделникот еден повторно влегол во земјината атмосфера и по пат се распаднал.
Џонатан Мекдауел, астрофизичар од Харвард, кој ги следи сателитите на Спејсикс, забележал дека три сателити ја зголемувале својата висина обидувајќи се да стигнат до оперативната орбита, а еден започнал контролирана маневра за деорбитирање.
Минатиот месец Спејсикс први забележаа дека новата пратка сателити полека почнале да губат висина, што го призна и Илон Маск кој на Твитер објасни дека дел од нив „имаат одредени проблеми“ и дека некои ќе бидат деорбитирани, а останатите и понатаму ќе се тестираат.
На 27 февруари, со Фалкон 9 ракетата, Спејсикс лансираше 21 Старлинк сателити од следната генерација. Сите се В2 мини, кои претставуваат намалена верзија од целосните Старлинк сателити од следната генерација. Задачата на мини верзијата е да ја пополни дупката што Старлинк ја има во мрежата дур компанијата не почне да ги лансира целосните верзии на сателити од следна генерација.
Проблем е што Фалкон 9 не е дизајнирана за да носи сателити од следна генерација заради што мораа да се направат мини верзиите се додека Спејсикс не успее да ја разработи товарната ракета Старшип. Во март Спејсикс требаше да лансира уште една пратка В2 мини, што не се случи.