Новиот „Immersive View“ на Гугл за почеток ги има Лондон, Л.А., Њујорк, Сан Франциско и Токио а за скоро време се најавуваат сосема нови погледи и на Амстердам, Даблин, Фиренца и Венеција.
Финтата фузира милијарди сателитски и Street View фотографии и од нив креира дигитален модел на светот, со проследени со детали за времето, сообраќајот и гужвата на некоја локација.
За таа цела користена е напредната AI технологија наречена NeRF (neural radiance fields) која обични фотографии претвора во 3Д презентации со фантастични детали за осветлувањето, текстурата на материјалите и амбиентот па добивате сосема опиплива претстава, на пример за ресторан кој сакате да го посетите.
За наредните месеци Гугл најавува и други занимливи новитети во пребарување на мапите. На пример, се наоѓате во место кое не го познавате, само подигнете го телефонот со камерата околу вас и Гугл ќе ви каже каде најблиску имате банкомат. Ќе имаат и „во живо“ ситуации од преку 1.000 аеродроми и железнички станици.
А сега, за „Immersive View“: