Технологија

GTA 5 поскапа од кој било блокбастер

Петтиот дел од Grand Theft Auto, кој треба ќе биде пуштен во продажба на 17-ти септември, е најскапата видеоигра во историјата. Цена на производство - 266 милиони долари.

Пожарот што ќе ја поскапе технологијата

Следната година ќе порасне цената на сè од смартфони до таблет компјутери и лаптопи, само затоа што изби пожар во една фабрика во Кина.

На лагата спор и е одговорот

Ако некогаш сте биле нервозни што некому му треба многу време за да ви одговори на порака, генерално на место ви бил инстинктот - кога ве лажат, на луѓето им треба подолго отколку обично за да состават порака.

Микрософт ја купи Нокиа со скриени пари

Зделката од 7,2 милијарди долари за купување на Нокиа истовремено е и сериозно олеснување за притисокот што го има Микрософт од 60-те милијарди долари резерви во кеш сместени на офшор сметки.

Дали е ова и најглупата и најпаметната генерација?

Професорот по политичка филозофија на колеџот Бери, Питер Лавлер, на предавањата по предметот Технологија, Биотехнологија и Демократија, со своите студенти ја обработува книгата "Најглупата генерација" Марк Бауерлин, во која се објаснува како дигиталниот живот ги направил младите поглупи, меѓутоа истовремено и попаметни. Ова се неговите извадоци на темата.

НСА ги наместила Гугл и Микрософт

Иако не негираат дека и помагале на НСА, проблемот на двете компании е што цело тоа време тие биле спречени од агенцијата да ја известат јавноста какви податоци даваат и за што.

Најдобриот глуп телефон што можете да го купите

Како и во минатото, така и сега најдобриот глуп телефон е произведен од Нокиа, изработен е од алуминиум, екранот му е од Горила Глас а батеријата му "држи" 38 дена.

Намерачени на андроид

Според глобалните податоци за софтверска безбесност, андроид е најзагрозена платформа. Бројот на злонамерни апликации за Андроид рапидно расте.

Македонски железници добиваат конкуренција

Основачот на Пејпал и Тесла моторс ги претстави деталите од својот транспортен систем хиперлуп кој треба да ги поврзува Лос Ангелес и Сан Франциско. Ќе дојде ли кај нас и кои денови ќе биде бесплатен за пензионери?

Нокиа - полниме батерии

Откако славниот слоган за "connecting people" тотално изгуби во безмилосната војна со Епл и Самсунг, Нокиа верува дека може да ја врати славата со полнење на батеријата од - ништо.

Влажниот сон за Ајфон 6

По веќе зацртаната патека на еволуцијата на Ајфон, после секој "S" модел следува нов број. Па така сега на ред најверојатно ќе дојде 6-та. Секако никој нема поим како тој ќе изгледа. Ама има желби.

Технологијата ве прави дебели (ама не така како што мислите)

Целата идеја на технологијата е да се зголеми ефикасноста, додека во исто време се намалува човековиот труд. Меѓутоа, технологијата нè дебелее на сосема друг начин.

Гугл телевизор

Уредот се вика Chromecast и во основа е УСБ стик од 35 долари, кој ќе направи која било содржина од вашиот смартфон / таблет да ја гледате на телевизорот во дневна. Без кабли, без ништо.

Хакнати и СИМ картичките

СИМ картичките се убедливо најнепробојниот елемент на мобилниот телефон во однос на безбедност. Барем така беше се додека еден Германец не седна цели 3 години да ги проучува.

Најдобрите апликации за Андроид

Кај Андроид идејата за добра апликација сериозно зависи од тоа кој телефон го имаш, бидејќи некоја "добра" може да биде спора кај тебе или воопшто да не можеш да ја инсталираш. Тргајќи од тоа дека сите имаме некој просечно моќен Андроид телефон, со доволно простор и најнова верзија на оперативниот систем, ова е листата на најдобри апликации за годинава.

Авионот што може секаде да стигне за 4 часа

Британската Вселенска агенција ќе инвестира 91 милион долари во летало кое прво, ќе може да стигне до вселената, и второ, патувањето до која било точка во светот ќе го направи пократко отколку возење со автобус од Скопје до Белград.

Бирократијата не титка на глупост

Две агенции на американската администрација во декември 2011-та добиваат известување од Одделот за домашна безбедност дека нивните компјутери се заразени со вируси. Она што следува е некаде меѓу топ 2 случаи за владина некомпетентност.

Дигитална детоксификација

Затоа што горе-долу уште тостерот не ти праќа некакви нотификации на мобилен, Американците почнаа да организираат летни кампови за возрасни чија главна цел е да се исклучат (од технологијата).

Како се заработува од бесплатно

Вие имате 385 нивоа (барем за почеток) што треба да ги минете со спојување на три исти објекти и се ви е бесплатно. Тие имаат бизнис план и профит од милиони долари годишно.

Зошто цело време мислиме дека ни ѕвони телефонот

Целиот феномен нема никаква врска со тоа дали сте заљубени па чекате повик или некој ви должи пари па чекате да ви се јави. Се' се должи на тоа дека мозокот здраво ви функционира.

Пиратиран облакот на Адоуб

Само еден ден по официјалното пуштање за корисници на Creative Cloud на Адоуб, системот веќе доби пиратска верзија која комплетно функционира, за сега.

Инстаграм добива видео?

Неделава се очекува Фејсбук да објави дека апликацијата за споделување слики ќе биде дополнета и со опција за објавување видео.

Нема порнографија на наочарите

Веднаш штом се појави првата апликацијз со експлицитна сексуална содржина за наочарите на Гугл, компанијата ги смени своите правила и најави дека низ нивниот гаџет нема да може да се гледа порнографија.

Тајниот добротвор Џобс

Цели 20 години додека трпеше критика дека не давал пари во добротворни цели, Стив Џобс и семејството тајно донирале пари за најразлични каузи.