Технологија

Никој не можел да се спаси од прислушување од НСА

Американската влада со години тајно имала (backdoor) пристап до целата опрема што ја продавале најголемите американски компании, вклучувајќи ги Дел, Циско, Џунипер, АјБиЕм, Вестерн Дигитал, Сигејт, Макстор и други.

Капитални инвестиции во памет

Оваа година германските фирми инвестирале рекордна сума во истражување и развој. Цели 54 милијарди долари, веројатно како поука извлечена од последната финансиска криза.

Роботот кој не признава дека е робот

На новинар на Тајм му се јавува девојка од телемаркетинг, му се претставува како Саманта Вест и сака да продаде некаква здравствена услуга, Но, на овој нешто му станува сомнително. 

Компанијата што ги прави најскапите мобилни телефони

Верту е одговорот на Нокиа на прашањето - што ако можам да правам мобилен телефон без да се грижам за пари? По 14 години работа, во 2012-та Нокиа го продава Верту. Новиот сопственик го префрла на Андроид, ама и понатаму најевтиниот телефон им чини 4.900 евра.

Ентерпрајз на океаните

Тоа што Пикард со Ентерпрајз го правеше за вселената, сега SeaOrbiter треба да го направи за океаните - да стигне до најнедостапните места на светските океани и таму да истражува.

Винамп и официјално е мртов

За точно еден месец ќе престане со постоење најпознатиот мп3 плеер во историјата на компјутерите. Информацијата доаѓа директно од официјалниот сајт на Винамп, на кој беше објавено соопштението.

Грешката во бирање на луѓе на Владата vs. луѓе од интернетот

Нивото на катастрофалност на пуштањето на Healthcare.gov беше импресивнo самo по себе. Ниту медиумите, ниту експертите или противниците не ни помислуваа дека на Обама може да му се случи таков дебакл.

Неколку работи за Плејстејшн 4 на купче

Производството на Плејстејшн 4, делови + составување, чини 381 долар, што е 18 долари помалку од продажната цена на конзолата. Плус рецензија на 4-та од дизајнерското студио зад Иксбокс.

Економија на продавање скапи телефони во сиромашни земји

Стандардната математика е дека во сиромашните земји треба да имаш што е можно поефтин телефон за повеќе да продадеш. Ова правило е обратно пропорционално кога треба да им продадеш скап телефон на богатите во сиромашни земји.

Северна Кореја произведе таблет

Откако пред една година почнаа да се појавуваат на најразлични саеми во Кина, сега северно-корејскиот таблет е спремен и за продажба, се вика Samjiyon SA-70 и првите рецензии за него се изненадувачки добри.

Интернетот не може да биде поважен од маларијата

На Бил Гејтс (Микрософт, персонални компјутери...) му е смешно што во моментов обезбедувањето на светски пристап до интернет може некому да му е поважно отколку истражувањето и борбата против маларијата.

Удри го додека е на земја

Иако ХТЦ константно ја губи битката, директорите на Самсунг се уште се доволно загрижени околу конкуренцијата за да платат плукање против ХТЦ на интернет. Штом го читате ова, значи дека ги фатија.

Лесно е да си iГенерал после битка

Сега е лесно да се тврди дека промоцијата на ајподот на Епл беше "првата пушка" во револуцијата која следеше, меѓутоа, тогаш, на 23-ти октомври 2001-ва година, малкумина гледаа нешто битно во покажаниот вокмен. Еден од нив сигурно беше Стив Џобс. А друг, Бил Гејтс.

Зошто Нетфликс сака да е на кабелска, кога планираше да ја уништи?

Нетфликс веќе е во сериозни преговори со Комкаст и други провајдери да стане дел од нивната редовна понуда на кабелска телевизија, ама како самостоен канал. Кога се појави Нетфликс требаше да биде компанијата што ќе го стави крајот на кабелската телевизија.

Кога талентот чини пари

Заменик претседателот за инженерство на Твитер, Кристофер Фрај, во компанијата влегува на почетокот на годината и за тоа добива 10,3 милиони долари, што е повеќе пари од кој било друг вработен со исклучок на ЦЕО-то, Дик Костоло. Зад Фрај со пари се сите останати директори во (CFO, CTO, COO).

Новинарот што се обиде да ја спаси Нокиа

Во 2008-ма новинар на финскиот весник Helsingin Sanomat по службена должност добива нова Нокиа Е 51. Ова му е трет телефон до тогаш. Откако не успева да сфати како да го работи, по неколку денови им пишува писмо на Нокиа.

Принт копчето на Инстаграм од 720 милиони долари

Ако Инстаграм додаде "print" копче кое на корисниците ќе им дозволи да печатат физички копии од фотографиите директно од апликацијата, ова би значело бизнис од околу 720 милиони долари годишно. И тоа, ова се најконзервативните пресметки.

За апликациите и зошто таблет магазините не успеваат

Не е дека таблетот е лош за читање, бидејќи апликациите како Зите, Флипборд, Фејсбук и Твитер, одлично си ја вршат работата и се главен извор на информации, проблемот е што поединечните апликации за магазини најчесто стојат како украс меѓу останатите апликации.

На Бил Гејтс му се случува Стив Џобс

Три од топ 20-те инвеститори во Микрософт лобираат бордот да изврши притисок за Бил Гејтс да ја напушти позицијата претседател на компанијата што тој ја оформи пред 38 години.

Митот за постојаната револуционерност на Стив Џобс

Во првиот викенд од излегувањето Епл продаде 9 милиони примероци од новиот Ајфон (рекорд), што не значеше дека Тим Кук ќе куртули од муабетот дека не е иновативен како Џобс и дека уште живее на стара слава.

Како ќе ви изгледа Ајфонот со iOS7

Од денес (18-ти) корисниците на Ајфон и Ајпад ќе можат да го симнат новиот оперативен систем од Епл, iOS7. Еве како ќе изгледаат вашите апликации на новиот оперативен систем. Само споредба (слика до слика), без критикување.

Инстаграм хотел

Хотел во Сиднеј им нуди бесплатен престој на сите Инстаграм корисници кои имаат над 10.000 следбеници, во спротивно за сите останати собата чини 140 долари од вечер.

Најпаметната маркетинг кампања

Ќарот што Гугл и Нестле (КитКат) можат да го имаат од меѓусебната соработка е неверојатно голем. Без разлика дали некој некому ќе му даде пари, зделка со ваква комбинација може да не се повтори во следната деценија, па дури и век.

GTA 5 поскапа од кој било блокбастер

Петтиот дел од Grand Theft Auto, кој треба ќе биде пуштен во продажба на 17-ти септември, е најскапата видеоигра во историјата. Цена на производство - 266 милиони долари.