Во дата-центар на Фејсбук на работ од Арктикот

Зукерберг неодамна даде збор дека редовно ќе апдејтува околу најнапредните технологии што Фејсбук ги користи низ светот. Почна со фотографии од дата-центарот во шведскиот град Лулеа, на самата граница до арктичкиот круг, со површина од 27.000 метри квадратни.

Ова е првиот дата-центар на Фејсбук надвор од САД и треба да и помогне на компанијата да се справи со дел од 350 милиони фотографии, 4,5 милијарди лајкови и 10 милијарди пораки што дневно се разменуваат / додаваат на социјалната мрежа.

Локацијата е избрана од неколку причини, делумно заради просечните температури кои во зима изнесуваат околу -20 степени Целзиусови, што им дозволува да не користат класичен систем за разладување освен џиновски вентилатори кои го внесуваат ладниот воздух во дата центарот, и потоа го изнесуваат. Плус, регионот историски има добро снабдувањето со електрична енергија кое е поставено пред 100 години, за потребите на железарите и фабриките за хартија. Заради падот на работата на овие индустрии, регионот имаше вишок на електрична енергија, кој сега се користи за потребите на серверите на Фејсбук кои трошат колку една железара.

Самиот објект каде што се сместени серверите е 300 метри широк и 100 метри долг.

Ова се фотографиите на Зукерберг:

Вентилаторите кои внесуваат ладен воздух од надвор за да ја симнат температурата во дата-центарот.

Првичната идеја за дата-центарот е испишана на салфетка.

Ходниците најчесто се празни затоа што центарот работи на високо ниво на ефикасност, и има потреба од само 1 техничар на 25.000 сервери.

Главната зграда е со големина на 6 фудбалски игралишта.

Старите хард-дискови се уништуваат.

Комплексот од високо


Бонус, видео репортажа:

29 септември 2016 - 17:56