И да не се сфати погрешно, не дека треба почесто да менуваме телевизори, туку треба поретко да менуваме телефони.
Кога смартфоните прв пат се појавуваат купувањето на нов модел е неопходно затоа што новиот телефон за прв пат дозволува сурфање интернет со вистински браусер, отворање ПДФ фајлови, или нешто од Офис пакетот.
Меѓутоа веќе со години секој телефон го може ова, а единствениот напредок е на тема квалитет на екран, подобра камера, поиздржлива батерија и побрз процесор, унапредувања кои никако не го оправдуваат купувањето нов уред на секои 2-3 години. Инстаграм и Фејсбук ќе ти отвори и на 5 години стар телефон.
Денес главниот напредок на телефоните доаѓа од софтверот и апликациите, а не од хардверот.
„Што ако Епл не го пуштеше Ајфон 11, или Гугл го прескокнеше Пиксел 4 годинава?
За корисниците животот ќе продолжи без никакви промени. Меѓутоа за самите компании, менувањето на темпото на пуштање нови уреди еднаш годишно би бил значителен ризик,“ објаснува Марк Вилсон во текстот за Фасткомпани.
Сето ова изминативе години се одразува на прометот на производителите на смартфони бидејќи народ веќе не се пали толку многу на нови модели и решава дека уредот што го има може да му издржи уште сезона или две.
Затоа што речиси е незамисливо дека компаниите ќе се откажат од годишниот циклус, меѓу опциите кои ги има индустријата за во иднина е малку да ги отвори своите производи и да дозволи нивен апгрејд, на пример да купиш шкарт смартфон, ама да можеш да доплатиш за одлична камера, како што на пример ги составил десктоп компјутер. Другата опција е купувањето телефон да стане сервис кој малку го врти наопаку сегашниот модел и кој предвидува за сериозна сума, на пример 100 - 200 долари месечно, да добиеш најнов уред со гаранција, со вклучена телефонија и интернет, апликации, и простор во клауд за твоите фотки, видеа и контатки.