
Од првиот допир, станува јасно дека ова е уред креиран за оние кои не се задоволуваат со „доволно добро“. Galaxy S25 Ultra е олицетворение на најновите достигнувања во мобилната технологија, со дизајн што плени, перформанси кои не забавуваат и камера што прави да се запрашате: „Ова навистина е сликано со телефон?“
Камера како од иднината
Главната 200MP камера на Galaxy S25 Ultra не е тука само за да ‘’фаќа’’ моменти, туку да ги создава. Со подобрен сензор, динамички опсег и неверојатна острина дури и во услови на слабо осветлување, оваа камера ќе ве инспирира да сликате сè: од утринската магла над градот до експресијата на првата голтка утринско кафе.
Леќите овозможуваат зумирање без губење на квалитетот, додека AI алгоритмите автоматски ги подобруваат деталите и боите, создавајќи фотографии што изгледаат како да се обработени од професионалец. Видеото? 8K. Стабилизирано. Моќно. И подготвено за YouTube уште пред да го завршите снимањето.
Креативност без граници
Galaxy S25 Ultra не е само за фотографи. Тој е идеален и за креаторите на содржина, дигиталните уметници, дизајнерите и оние кои едноставно сакаат да се изразат креативно. Со поддршка за S Pen, овој уред станува платно, тастатура - сè во едно. Новиот creativity approach во One UI 8 донесува алатки за едитирање, организирање и споделување кои се интуитивни, брзи и инспиративни.
Испробај го Galaxy
Со апликацијата Try Galaxy, Samsung отвора нова врата за оние кои се љубопитни, но сè уште не направиле храбар чекор. Без разлика дали користите друг бренд или само сакате да ја истражите Galaxy средината, апликацијата овозможува виртуелно искуство со интерфејсот, функциите и естетиката на Samsung Galaxy S25 Ultra. Пробајте пред да го посакате.
Galaxy S25 Ultra не е само технологија, тоа е алатка за изразување, прозорец кон инспирацијата и сојузник во секојдневната креативност. Ако некогаш сте мислеле дека вашиот телефон треба да прави повеќе, да ве разбира подобро и да изгледа поимпресивно тогаш ова е моделот што го чекате.
Galaxy S25 Ultra веќе не го следи трендот - тој го диктира. И ве поканува и вас да станете дел од иднината.
(Комерцијален текст)