Парите од мобилни кај Епл доаѓаат од продажбата на Ајфон (најмногу од продажба на мобилни надвор од САД), а кај Фејсбук се од рекламите на мобилни уреди (најмногу од нови корисници надвор од САД).
Во пари, Епл во изминатата година од Ајфон има раст на приходи од 3,11 милијарди долари, додека сите останатите производи му направиле була од 1,06 милијарди долари. Фејсбук нема минус, ама во растот на приходите мобилните реклами учествуваат со 962 милиони долари, наспроти растот од 5 милиони долари по сите други основи.
Она што нив долгорочно најмногу ги вади од памет е што иднина им е "буквално во рацете на странците." Епл на секој 1 долар раст на приходите од продажба во САД има 8 долари раст кои доаѓаат од продажбата во остатокот од светот, а Фејсбук за нов секој активен дневен корисник од САД и Канада, имаат по 12 нови корисници од остатокот од светот.
Во светот на мобилните моментално сe' е поделено меѓу Гугл и останатите. Во производството на уреди двата главни играчи се Епл и Самсунг (кој работи со оперативниот систем Гугл) кои покриваат околу 96% од пазарот. Кај рекламите на мобилни уреди Гугл и Фејсбук контролираат околу 60% од пазарот. Иако и тука Гугл ја има предноста, маната му е што цените на неговите реклами бележат постојан пад, додека Фејсбук во текот на минатата година успеа за два пати да ја зголеми цената на рекламите.
Чисто онака, една информација што се појави деновиве: Епл моментално има 150 милијарди долари во готовина, што е доволно за да ги купи Тесла, Твитер, Дропбокс, Нетфликс, Пандора и Спотифај и да му остане кусур од 59 милијарди долари.