Официјалното име му е „џекпотинг“ напад, се извршува со програмот „Cutlet Maker“ и неодамна објавена истрага покажува дека само во Германија со овој напад во неколку месеци во 2017 се украдени над 1,4 милиони евра.
Програмот се користи за да се прелаже банкоматот да почне да исфрла пари без да му се стави каква било картичка. За ова е неопходно банкоматот да биде физички отворен и да се има пристап до УСБ портот.
Истрагата заклучува дека вон Германија, нападот бил извршен и во САД, Латинска Америка и Југоисточна Азија, и дека е универзален и фаќа кај сите банки и банкомати. Во случаите од германската истрага биле погодени банкоматите Винкор 2000хе банкоматите. Од Дајболд Никсодорф, производителот на овие банкомати, само изјавуваат дека се свесни за џекпотинг и дека работат на заштита на клиентите.
Од пролетта 2018 до сега на властите во Берлин им се пријавени 36 случаи на џекпотинг.
„Еден од главните безбедносни проблеми за банкоматите е што тие, во основа, се застарени Виндоус компјутери.
Многу стари и многу спори машини,“ се објаснува во текстот на Вајс.
Инаку цената на „Cutlet Maker“ моментално е околу 1.000 долари, и за тие пари плус добиваш упатство на руски и англиски, и обука и поддршка од продавачот. Згора на евтиниот софтвер и старите компјутери, поплаката на експертите е што ниту една жртва (банка), не сака да пријави дека и се случил ваков напад.