Свет

Бежанија од Германија

Секоја четврта компанија во Германија размислува да го пресели прозиводството во друга земја заради енергетската криза. Медиуми драматично пишуваат дека најсилната европска економија пука по сите рабови. Е сега, замислете тек ние во каква ситуација сме.

Дојде време Германци да се жалат од германски тенкови

Украина може треба да и заблагодари на Германија што не и прати тенкови, откако од 18 тенкови ангажирани за една воена вежба во Германија сите 18 биле „капут“.

Дупката во санкциите против Русија е голема колку цело Касписко море

Русија и Иран веќе работат на нова интерконтинентална трговска рута која почнува од крајниот ќош на истокот на Европа (Каспиското море), а завршува во Индискиот океан, некои си 3.000 километри, и нема да може да биде контролирана од меѓународни санкции.

Нема убедливи докази дека нападот на Северен тек е изведен од Русија

Иако ниту еден од западните политичари што првично ја обвинија Русија за експлозијата ја нема повлечено својата изјава, се повеќе западни функционери сега се сомневаат дека Кремљ е одговорен за експлозијата, пишува Вашингтон пост.

Шведскиот суд не го занима ни НАТО, ни Ердоган

Врховниот суд на Шведска одлучи дека нема да ја дозволи екстрадицијата на маж кој Турција го бара под обвинение дека бил дел од обидот за пуч против Ердоган, а чија испорака е на листата задачи што Шведска треба да ги заврши ако сака да влезе во НАТО.

Кина се подготвува за војна со Тајван

Не се работи за следните месеци или за следната година, ама Кина ја подготвува својата војска за започнување војна до 2027, тврди актуелниот директор на ЦИА, Вилијам Бурнс.

Разговор со Валери Залужни, генералот што ја брани Украина

Кога почна агресијата ние почнавме само да го спроведуваме она што го знаевме, уште од 2014, и искуството и вештините што ги научивме од тогаш. А најважното искуство што го имавме и она што го практикуваме како религија е дека Русите и секој друг непријател мора да биде убиен, само убиен, и уште поважно не треба да се плашиме да го правиме тоа, порачува првиот човек на украинските воени сили Валери Залужни во интервјуто за британски Економист.

Војната во Украина ќе ја реши кој прв ќе добие повеќе ракети и гранати

Напредувањето на Украинците периодов е забавено што заради лошото време, што заради консолидацијата на руските одбранбени линии, меѓутоа интензитетот на борбите не е ни најмалку стишен и тие упорно ги празнат залихите и на луѓе и на муниција на двете страни.

СБФ истурил „десетици милиони долари“ во нелегални политички донации

Сем Банкман-Фрид парите, кои не се негови и му се украдени од корисниците, ги дал и на демократски и на републикански кандидати, а со цел да влијае на правецот во кој се движат политиките и законите околу криптоиндустријата.

Медицинската сестра на Хуго Чавез што стана милионер

Клаудиа Диаз Гиен од 2003 како медицинска сестра е дел од тимот на телохранители што лично го обезбедува тогашниот венецуелски претседател. Во 2011 таа со своето медицинско резиме е именувана за прв човек на државната благајна. Деновиве ја осудија во Мајами за примање десетици милиони долари мито.

Британија ќе ги пакува тие со знамињата од Лондон

Со најава „што е многу, многу е“ премиерот на Британија, Риши Сунак, објави план од пет точки за борба со имиграцијата, со посебна точка за имиграцијата што им доаѓа од Албанија.

Ако се најде во зорт руската војска нема да добие процесори од Кина

Кина нема да и ги испорача на Русија компјутерските процесори Лoнгсон на кои руската индустрија се надеваше дека ќе ја пополнат дупката во снабдување со чиповите за производство на напредни оружја и муниција кои ги троши во војната со Украина.

Главната разбирачка меѓу Кина и Саудиска Арабија е да не си се мешаат по дома

Круна на и онака историскиот договор што го постигнаа двете држави е дека тие „ќе се поддржуваат една со друга но во меѓувреме нема да си се мешаат во своите внатрешни работи.“

Убавото лице на европската корупција

Гркинката Ева Кали инспиративно говореше како спортската дипломатија довела до историски промени во Катар. Сега е уапсена за корупција и перење пари поврзани со Катар. Дека е убава - убава е. Ама и дека лакома - лакома е. Дури и нашата капитулација да си го смениме името ѝ беше малку.  

Палестина во срцето на фудбалскиот успех на Мароко

На многумина им делува чудно што марокански фудбалери се сликаат со знамето на Палестина, а мароканските навивачи скандираат пароли и за Палестина. Толку западниот меинстрим го познава арапскиот свет и фактот колку Палестина е симбол за непокор и анти-колонијален стремеж. 

Постои една опасност за внатрешниот мир на Франција, имиграцијата

Бројот на имигранти што влегуваат во Франција севкупно има негативно влијание на колективниот живот во земјата, порачува поранешниот прв човек на Генералниот директорат за надворешна безбедност, француската ЦИА, Пјер Брошан.

Украина веќе има оружје да ја нападне Москва, ама веројатно нема да се осмели

Руските бомбардери што неодамна беа погодени од украински дронови беа паркирани во руска воена база на нешто повеќе од 482 километри од украинската границата. Москва е на само 400 километри од Украина.

Олаф Шолц до Германците: Да не одите порано во пензија

На најголемата европска економија секоја година ѝ се потребни стотици илјади нови работници за да ги заменат оние кои одат во пензија. Канцеларот Олаф Шолц сега ги повикува оние над 60 години да не бидат себични и брзо-брзо да уплаќаат одмори по Тајланди. Криза доаѓа.

Саудискиот крал го пречека кинескиот „крал“

Како дочекот на Бајден сам по себе да не беше доволно недостоинствен, Саудијците извонредно многу се потрудија дочекот на кинескиот претседател да го направат што е можно поспектакуларен, за пораката да биде уште појасна.

Трампањето на Виктор Бут, поразот на Америка

Гледајќи по номиналната вредност, вчерашната размена на Бут за Грајнер за Русија се толкува како зделка паралелна на онаа во која САД ја купува Аљаска пред повеќе од 150 години.

Што е проблемот кога државата ќе легализира самоубиство

А да ти помогнеме да се убиеш, е отприлика предлогот што канадските власти го имаат за канадската параолимпијка и воен ветеран, Кристин Готје, кога им се пожалила колку време чека да и биде инсталиран лифтот за инвалидска количка во нејзиниот дома.

Америка го трампаше најголемиот дилер на оружје на светот за кошаркарка од ВНБА

Русија се согласи да ја ослободи од затвор американската кошаркарка, Бритни Грајнер, и да ја замени за Виктор Бут, озогласениот руски дилер на оружје кој повеќе од една деценија служи затвор во Америка.

Русија ја ракетира Украина со тазе произведени ракети

Најмалку една од руските КХ-101 крстосувачки ракети што во ноември удри на Киев, е произведена не порано од октомври годинава тврдат независни инспектори за оружје што ги анализирале останките. И ова е проблем затоа што Русија до сега не требаше да има чипови за да произведува нови ракети.

САД ги осакатува ХИМАРС-ите пред да и ги прати на Украина

Американската армија, тајно, без знаење на Украинците, ги модификувала ХИМАРС ракетните системи што ги испраќа во Украина за истите да не можат да бидат употребени за лансирање ракети со голем домет кои би стигнале до Русија.