
Предложената сума би била исплатена во период од 25 години и доколку таа биде прифатена од судот, Џонсон и Џонсон со нејзе ќе ги покрие сите сегашни и идни тужби за производи кои содржат талк, како пудрата за бебиња.
Предлогот е поддржан и од групата адвокати кои претставуваат речиси 70.000 тужители, вклучително и семејства на лица кои починале од рак. Тој сега треба да биде директно поддржан и од доволен број на тужители.
Тврдењето на тужителите е дека талкот кој се користи за производство на пудра за бебиња содржел азбест.
Од Џонсон и Џонсон порачуваат дека спогодбата не претставува признавање вина, туку дека во спротивно компанијата би требала да потроши децении на екстремно скапи судења за да ги реши сите тужби.
„Директорите на Џонсон и Џонсон со децении знаеа за ризикот од изложеност на азбест поврзан со нивните производи со талк, вклучително и познатата пудра за бебиња која почнаа да ја продаваат пред 129 години.
По години отфрлање на тврдењата на научниците и истражувачите, компанијата последниве години почна да се соочува со поплава од тужби, проследени со владини истраги.
Тужбите резултираа со мешавина од пресуди и прекинати судења. Џонсон и Џонсон тврди дека го добил мнозинството од судења пред порота поврзани со козметички талк; но исто така се соочи и со спектакуларни порази во кои требаше да им исплати милијарди долари на мал број тужители,“ пишува Њујорк тајмс.
Компанијата во 2020 престана да ја продава својата пудра за бебиња во САД, а за годинава планира да престане и на глобално ниво.
Оштета ќе треба да биде платена од ЛТЛ подружница на Џонсон и Џонсон што компанијата „ја креираше како дел од корпоративна пируета која вклучува префрлање на одговорноста на новата подружница и користење на системот за банкротирање како штит од правна изложеност“, познато како „Тексашки двочекор“.