Источниот дел на ЕУ контра Макрон: Сам откачувај се од САД

Откако Макрон по посетата на Кина триумфално порача дека Европа треба да си гледа своја работа и да избегне да биде вовлечена во судирот меѓу САД и Кина, источните членки на Унијата му порачаа на францускиот претседател малку да се запре со де-американизирањето.

Полскиот премиер му порача на Макрон дека наместо создавање стратешка автономија од САД, треба да се работи на стратешко партнерство со САД.

Политико пренесува изјава на анонимен источноевропски дипломат, кој вели „не можеме да ја разбереме позицијата на Макрон во овие тешки времиња. Ние како ЕУ треба да бидеме обединети. За жал оваа посета и француските изјави по неа не помагаат.“

За друг источноевропски дипломат сред геополитички промени е многу попаметно „демократиите да соработуваат повеќе од кога и да е“.

За дипломатите со кои зборува Политико ова не е прв пат Макрон да изјавува лично мислење, како и тоа дека тие се несоодветни посебно во делот дека Европа треба да држи еднаква стратешка дистанца и од САД и од Кина.

Естонски експерти го потсетуваат Макрон дека изминатава година војсната во Украина покажала појасно од кога било дека европската безбедност и одбрана многу зависат од САД.

12 април 2023 - 11:46