„Зеленски повеќе пати јавно кажа дека украинската цел е да се избрка секој еден Русин од окупираните делови на Украина. И тоа е значителен подвиг. Многу, многу тешка воена задача. Имаш уште неколку стотици илјади Руси кои се во окупираните делови од Украина.
Не велам дека ова е невозможно да се направи. Само велам дека ова е многу тешка задача. Но тоа е нивната крајна цел. Тие секако имаат право да го направат тоа, тоа е нивна земја. И тие ја имаат и моралната надмоќ,“ порачал Мајли во интервју за Дефенс уан.
Мајли на сличен став беше и во ноември 2022 кога порача дека веројатноста дека Украина ќе го освои Крим и ќе ја протера целата руска војска во скоро време „не е висока.“
Американскиот генерал смета дека Русија не успеала стратешки и оперативно, а сега неуспесите им се и тактички.
Во однос на вооружувањето, Мајли повторил дека и понатаму важи одлуката на Украина да не и се испраќаат проектили со голем домет (АТАЦМС). Тој потсетува дека САД и онака имаат мал број на АТАЦМС па мора да внимаваат и на својата залиха, и препорачува дека треба повеќе да се размислува за ГМЛРС (Guided Multiple Launch Rocket System) во комбинација со напади од беспилотни летала. (ГМЛРС е со домет од некои си 85 километри, ама системот може да испукува по шест ракети истовремено, додека АТАЦМС имаат максимален домет од 300 километри, ама може да се лансира само една ракета од еден носач.)
Тој проценува дека на американската одбранбена индустрија ќе и требаат веројатно неколку години за да ги пополни резервите што беа потрошени и да го зголеми производството на нивото на потребите на Пентагон.