Има надеж за Канада

Еднаш веќе пишавме дека за време на пандемијата, Канада (заедно со Австралија и Нов Зеланд) ни беше најголемото разочарување со оглед на тоа како лесно а брутално беа газени основни човекови права, како либерализмот се покажа како чиста фасада, со оној Џастин Трудо кој е саде ПР и фејк НВО реторика.... Надежта се вика Пјер Полиевр, лидер на опозицијата и кандидат за премиер. 

Џенис Атвин, пратеничка во канадскиот парламент:

Се прашувам дали лидерот на опозицијата ќе го повлече она што го кажа и ќе се извини затоа што државната комисија за радиодифузија ја нарече „мала група привилегирани инсајдери блиски до премиерот“. И би го прашала да го дефинира поимот „WOKE“, би сакала да видам што има тој а каже за „разбуденоста“.

Пјер Полиевр:

Всушност, би сакал да го повлечам зборот, не е тоа мала туку голема група инсајдери. Голема бирократија која се шири и опфаќа премногу луѓе кои работат за неа. Ќе ги има помалку кога јас ќе бидам премиер, ќе имаат помала моќ и ќе имаат далеку помалку што да работат кога ќе ја вратам слободата на говорот на интернет.

А што се однесува до дефиницијата, WOKE има една и само една цел. Многу нијанси но само една цел: контрола! Woke е создаден за да се поделат луѓето по раси, родови, етницитети, религија, вакцинален статус и на секој друг можен начин кој постои за да се поделат луѓето во групи. Зошто? Затоа што така може да се оправда постоењето на таква држава која ги контролира сите тие групи. Доста е од WOKE, нам ни треба СЛОБОДА.

4 април 2023 - 17:43