Пандемијата фрли во дебелина 10.000 американски војници

За време на ковид пандемијата, американските војници масовно добивале на килажа, влегувајќи во категоријата дебели луѓе. Државата и војската тоа скапо го плаќаат a еднаш веќе ги спуштија критериумите кој може да биде регрут на американската војска.  

Иако проблемот не е нов, скорешно истражување покажа дека дебелината во војската на САД имала врв за време на пандемијата. Само во армијата, речиси 10.000 активни војници развиле гојазност меѓу февруари 2019 и јуни 2021 година, што е стапка од речиси една четвртина од испитуваните војници. Слични стапки на дебелаана има и американската морнарица и маринците.

„Армијата и другите служби треба да се фокусираат на тоа како да ги вратат силите во кондиција“, апелираше Трејси Перез Келмус, директорка на Центар за истражување на здравствени услуги во Мериленд.

Дебелите и прекумерно тешките војници имаат поголема веројатност да бидат повредени и помала веројатност да ги издржат физичките барања на нивната професија. Војската губи повеќе од 650.000 работни денови секоја година поради вишокот килограми а здравствените трошоци поврзани со дебелината надминуваат 1,5 милијарди долари.

Во фискалната 2022 година, Армијата за првпат не успеа да ги постигне регрутните таргети, потфрлајќи за 15.000 регрути, односно четвртина од потребните. Прекумерната тежина е најголемиот поединечен дисквалификатор.

Како реакција на ситуацијата, Армијата на САД ги олабави медицинските норми за примање нови регрути откако установиле дека старите критериуми ги исполнувале само 23% од младите. Според новите, шанса да бидат војници ќе добијат и лица што биле дијагностицирани со благи ментални растројства, известивме во статијата „Американската војска спушта критериум

4 април 2023 - 16:51