Александар, кој е претседател на Фондацијата отворено општество што ја наследи од татко му, последен пат бил во Белата куќа на почетокот од декември кога има 2-дневна турнеја. На 1 декември има состанок а подоцна вечерта присуствувал и на вечера организирана од Претседателот на САД во чест на Емануел и Брижит Макрон.
Следниот ден Сорос помладиот имал други состаноци со неколку советници на Бајден, со кои соработувал и во претходните гостувања.
Њујорк пост пренесува изјава на Мат Палумбо, авторот на книгата „The Man Behind the Curtain: Inside the Secret Network of George Soros“ според кого влијанието на Сорос врз политиките на Белата куќа никогаш не било посилно:
„Насекаде низ Белата куќа, некаде има упориште на Сорос, а синот е новиот амбасадор на таткото.“
Палумбо тврди дека по изборите 2020, тимот за транзиција на Бајден бил наполнет со либерали поврзани со мрежата на Сорос, а иста била и ситуацијата во кабинетот на Бајден.
Според податоци од официјалниот сајт, Фондацијата од 1984 има донирано над 32 милијарди долари низ целиот свет. Сорос, постариот, периодов се поврзува со донации за обвинителот од Менхетен кој поднесе кривично обвинение против Доналд Трамп.
Александар Сорос од 2010 до сега лично има донирано нешто повеќе од 11 милиони долари на изборни кампањи на левичари. Тој е најактивен и најизложен во јавноста од 5-те деца на Џорџ.