Свет

Амнести интернешнл се станати смешка

На Амнести интернешнл не им е јасно што вам не ви е јасно дека тие сакаат и можат и треба да користат фотографии генерирани од вештачка интелигенција за да прикажат актуелни настани како полициска бруталност.

Полска вс. Германија, судирот во срцето на Европа

За прв пат по Втората светска војна на полска територија влегоа германски војници. Ги има околу 300 и се со мисија за управување со Патриот одбранбените системи кои беа распоредени во Полска. И пред и по распоредувањето на Патриот, германските и полските политичари се расправаат околу нивната потреба на полска територија, меѓу другите кавги што ги имаат.

Украина не е подготвена за големата офанзива, ама нема друга карта

Додека на социјалните медиуми се навива да се почне што е можно побрзо со долгоочекуваната украинска контраофанзива, официјален Киев апелира да се престане војната да се третира како спорт.

Флорида воведува смртна казна за силувачи на деца

Конзервативниот гувернер потпиша закон со кој на Флорида ѝ се дава право да изрекува смртна казна за силување деца помали од 12 години. Ваквата одлука е во директен конфликт со пресуда на Врховниот суд по која смртна казна во САД може да се изрекува само за убиство. Рон ДеСантис порачува дека е подготвен повторно да оди на Врховен.

Клозетот на тајните

Тајни планови од 1,3 милијарди фунти вредната британска подморница се најдени заборавени во тоалет во паб во пристанишниот град Бароу.

Кој сака нека честита

Републиканец од Индијана, инаку советник некаде низ хиерархијата на тамошната локална власт, деновиве јавно објави дека се чувствува како жена, и тоа не белкиња. Наместо очекуваното добредојде, на човекот сега му се закануваат со егзекуција.

На Ердоган нешто не му е добро

Телевизиско интервју на Ердоган беше прекинато на кратко откако актуелниот турски претседател се снеможи за време на директен пренос. Кога се врати се пожали дека имал проблем со стомакот, па потоа излезе дека е поголема работата.

Сладолед скандалот на БМВ во Кина

На автомобилски саем во Шангај, Мини, компанија на БМВ, одлучува како дел од промоцијата да дели сладоледи на посетителите. Инцидентот се случува откако некои локални Кинези не добиваат сладолед, а Западњаци добиваат. Сега БМВ се извинува, а Кинези кршат БМВ-а по паркинзи.

Америка ја спречила Украина да удри на Москва

Во февруари годинава во Киев на големо се крчкале планови за одбележување на првата годишнина од руската инвазија на Украина со терористички напади на Москва. И тоа траело се додека САД не наредиле сето тоа по итно да се прекине.

Ни САД не биле да се брани Бахмут

Неколку месеци по отворените предупредувања од Вашингтон за Киев да се откаже од одбраната на Бахмут, украинските сили се уште држат дел од западните предградија на градот иако по цена многу поголема отколку што кој било очекуваше.

Блинкен е човекот зад хајката за дискредитирање на веста за лаптопот на Хантер Бајден?

Државниот секретар на САД помогнал во организирање на план за дискредитирање на сторијата за лаптопот на Хантер Бајден како руска кампања за дезинформирање, по која основа истата сторија беше цензурирана на социјалните мрежи и бојкотирана од меинстрим медиумите.

Залепи му илјадарка на Пентагон

Просечниот американски даночен обврзник во 2022 година потрошил над четири пати повеќе на изведувачите кои ги ангажирал Пентагон отколку на основното и средното образование. Во просек, илјада долари за контракторите на Пентагон, наспроти 270 долари за основно образование.

Најдолгиот ден за Украина

Првите 24 часа од долгоочекуваната украинска контраофанзива може да биде најдолгиот ден за украинските вооружени сили, се порачува во анализата на Форин полиси, според чии процени првите 24 часа најверојатно ќе бидат одлучни.

Индија и официјално е најнаселената држава во светот

Во последниот извештај од Обединетите нации, по децении доминација, Кина ја изгуби титулата најбројна нација на светот, која од сега и официјално и припаѓа на Индија.

Претседателот Евгениј Пригожин?

Во војната против Украина, по своето присуство и гласност во медиумите се истакнуваат двајца Руси. Медведев, кој се радикализираше и смета дека Русија треба да продолжи со својата „операција“ и вон Украина, и Пригожин, човекот без функција, но со приватна армија, кој се дрзна отворено да ја критикува руската армија. Медведев некако природно е доживеан како наследник на Путин, Пригожин не.

Зошто Фаучи не е во затвор?

Кога некој на времето ќе кажеше дека коронавирусот можеби потекнува од лабораторија,  автоматски го ставаа во рамноземјаши и луѓе кои веруваат во приказните за рептили и пиење крв од бебиња. После серија дебакли како што беа фамата за маските или тврдењата дека вакцинираните не пренесуваат вирус, паѓа и оваа шашма.

Германија губи на сите фронтови на енергетската војна

Германија ќе го жали денот кога реши да капитулира пред анти-нуклеарното лоби. Деновиве ја затворија и својата последна нуклеарна централа на што Зелените ликуваат но расположението на граѓаните значајно се менува.  

Кинезите пак верглаат за мировен план

Обидот на кинеските медиуми, конкретно еден од најголемите „приватни“ весници Саут чајна морнинг пост,  да продаде мировен план е дека Украина треба да прифати да седне на преговарачка маса дур Киев се уште има некој адут.

Републиканците би го бомбардирале Мексико

Се поголем број Републиканци се за тоа дека шверцот на фентанил од Мексико мора да се реши па макар тоа било и со бомбардирање на соседната држава.

Првиот човек на ЕУ за летање и загадување

Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, има повисоки трошоци за патување од кој било негов претходник. Од кај него тоа го објаснуваат со обемот на работа што ја има, од сметководство тоа го објаснуваат со неговиот мерак на приватни авиони.

Источниот дел на ЕУ контра Макрон: Сам откачувај се од САД

Откако Макрон по посетата на Кина триумфално порача дека Европа треба да си гледа своја работа и да избегне да биде вовлечена во судирот меѓу САД и Кина, источните членки на Унијата му порачаа на францускиот претседател малку да се запре со де-американизирањето.

Имаме ли Викиликс 2.0?

Фотографиите со тајни документи на Пентагон првично се појавија на Дискорд, платформа за чет и стриминг. Содржините се скандалозни: од недостаток на муниција во Украина, преку присуство на западни специјалци таму до тоа дека Србија се согласила да прати оружје на Украина.

Израелските тајни служби ги зовривале израелските анти-владини демонстрации

Вработени на Мосад и општо израелски граѓани биле поттикнувани од Мосад (службата за надворешно разузнавање) да излезат и да учествуваат на масовните анти-владини протести што го зафатија Израел во март годинава, покажуваат документи протечени од Пентагон.

Расте популарноста на Путин... во Америка

Моментално рускиот претседател има највисок рејтинг во Соединетите држави од 2020, две години пред почетокот на неговата инвазија на Украина.