„Иако изборите се задолжителни за демократијата а самиот Путин реши да се одржат, теоретски возможно е тие да не се одржат.
Бидејќи веќе е очигледно дека Путин ќе биде избран,“ порачал портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, кој се дополнил дека ова е „апсолутно мое лично мислење.“
Во изјава за Њујорк тајмс, за која Песков подоцна тврди дека била погрешно пренесена, тој објаснува „нашите избори не се вистински демократија, туку скапа бирократија... Путин следната година повторно ќе биде избран со повеќе од 90% од гласовите.“
Песков го оспорува првиот дел од изјавата, додека бројот на гласови што Путин би ги освоил тој го објаснува со „нивото на консолидација на општеството“ околу рускиот лидер.
Изборите во Русија се закажани за 17 март 2024. Во меѓувреме од почетокот на војната во земјата се забранети сите анти-воени протести, а и не е баш најчисто како може да се критикува владата а тоа да не биде прогласено за анти-воен протест.
Гласањето на руските избори се очекува да биде одржано и на украинските територии кои беа анектирани од почетокот на воената операција. Со последните уставни измени во Русија, Путин има право на уште два мандати како претседател, во 2024 и 2030. Рускиот претседателски мандат трае 6 години, денес Путин има 70 а по крајот на последниот мандат во 2036 би имал 83 години.