За германските десничари, ЕУ е пропаднат проект

Популистите од АфД кои имаат не баш мала поддршка од гласачкото тело што се движи околу 20%, од партиски конгрес порачаа дека ја сметаат Европската Унија како проект кој не успеал да се справи со многу теми, особено големите. Не побараа распуштање на унијата туку нејзино темелно реконфигурирање како федерација која ќе ја почитува сувереноста на државите. 

Стотици партиски делегати на собирот во Магдебург го усвоија документот во кој се вели дека ЕУ „комплетно потфрли“ на теми како што е климата и миграцијата.

Во нацрт резолуцијата од јуни се бараше распуштање на ЕУ но овојпат ја ублажија позицијата па бараат реконструкција на Унијата и нејзино претворање во федерација на европски нации која првенствено ќе ги штити економските интереси на членките а истовремено ќе ја почитува нивната национална сувереност.

Неодамнешните сондажи на јавното мислење во Германија покажуваат дека поддршката за АфД се движи меѓу 18% и 23% а на последните федерални избори во 2021 година имаа 10,3% од гласовите. Во меѓувреме партијата капитализираше од зголемената инфлација и растечките цени на енергенсите.

АфД не се задоволни ни од еврото и бараат враќање на германската марка.

 

 

8 август 2023 - 12:45