Албанци го контролираат кокаинот во Англија

Со спуштање цени и откажување од дел од профитот, албанските банди успеале комплетно да го зацврстат приматот во кокаинскиот бизнис на островот. Британската влада враќа албански затвореници во Албанија но преку каналот продолжува масовно доаѓање на нови мигранти од Албанија кои стануваат драгоцена логистика за бандите.   

Албанските организирани криминални банди доминираат во снабдување со кокаин во Обединетото кралство, признава Тони Сагерс, кој го има предводено Одделот за дроги при Националната агенција за криминал.

Овие банди успеале да го освојат и зацврстат приматот во бизнисот првенствено со намалување на цените и откажување од дел од профитот. Во Британија во 2022 година биле запленети 19 тони кокаин, рекордна бројка досега. 

Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC) во својот извештај за 2023 година (pdf) констатира дека дека миграцијата од Албанија имала клучна улога во устоличувањето на  бандите во клучни градови низ Европа.

„Тие се потпираат на огромна мрежа соработници меѓу албанската дијаспора во странство и често работат во соработка со италијанските криминални групи“, се вели во извештајот.

Епок Тајмс пишуваше дека бројот на албански мигранти во британските затвори за четири години се има удвостручено и зад решетки се наоѓаат околу 1.400 албански странски државјани.

Само лани, со мали бротчиња преку Ламанш стигнале преку 12.000 мигранти од Албанија а неодамна, британската влада врати во Албанија 200 нивни затвореници да ги отслужат казните дома.

Балканците се втора најбројна популација во британските затвори.

**********

Види и:

Албанска евакуација од Данкирк

31 јули 2023 - 13:56